Свет
Блокирани преговорите за климатските промени во Копенхаген

На само 48 часа пред завршувањето на конференцијата во Копенхаген, посветена на климатските промени во светот, преговорите се потполно блокирани, објавија данските медиуми.
На само 48 часа пред завршувањето на конференцијата во Копенхаген, посветена на климатските промени во светот преговорите се потполно блокирани, објавија данските медиуми.
Разговорите продолжуват во бескрајни преговори и консултации, поради што се стравува за квалитетот на завршниот документ.
„Се плашам дека обидот за постигнување договор ќе се изгуби во процедурата“,изјави британскиот министер за околина Ед Милибанд.
И француската министерка за екологија Шантал Жоано укажа на „и натаму блокирана ситуација“ и додаде дека „изгубени се два дена во преговарање„.
Коалицијата на 140 земји во развој, Г-77, предупреди дека нема да го прифати завршниот документ од преговорите доколку во него не бидат вклучени резултатите на работните групи.
Кина остро го нападна данското претседателство на пленарниот состанок, нагласувајќи дека Данска сака да наметне некаков договор, а при тоа не води грижа за преговорите кои се водат речиси две години. Истовремено, Кина го критикуваше и нетранспарентниот процес на договарање на самата конференција.
Конференцијата треба да заврши в петок./крај/б/спд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран со нов воздушен напад врз Израел

Иран вечерва, по локално време, започна нов бран ракетни напади врз Израел, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Според нив, ракетите биле испукани од различни делови на земјата.
Засега нема дополнителни информации.
Свет
Мерц: Иранскиот режим е ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила

Израелските напади го ослабнаа Иран, а иранскиот режим е малку веројатно да се врати на своето поранешно ниво на моќ, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Овој режим е многу ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила, што ја прави иднината на земјата неизвесна. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Мерц за германската телевизија Велт на самитот на Г7 во Канада денес.
Тој додаде дека доколку се појави нова тешка политичка ситуација, Германија, Франција и Велика Британија повторно ќе бидат подготвени да понудат дипломатска помош, како што правеа до минатата недела.
Свет
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони поради конфликтот со Иран, кој започна во петокот, објавија денес властите на двете земји.
Авион на чешката влада со 66 лица слета утрово во Прага. Ден претходно, словачки авион евакуираше 73 лица од Аман до Братислава.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова изјави дека повеќето од 66-те евакуирани лица се чешки државјани.
Според чешките медиуми, конвој евакуирани лица тргнал од Тел Авив вчера утро и се упатил кон Шарм ел Шеик во Египет, каде што се качиле на авион. Тие биле транспортирани со автобус и ја преминале границата пеш.
Словачки владин авион со 73 патници, повеќето од нив Словаци, слета во Братислава во понеделник пред 19 часот, изјави министерот за надворешни работи Јурај Бланар.
Меѓу евакуираните имало Полјаци, Чеси, Австријци, Словенци и други.
Словачка денес испраќа втор авион, а и за утре е планирана евакуација на словачки и странски државјани.