Македонија
Специјалитетот „Кабунија“ победи на манифестацијата „Благцето на баба“

Педесетина видови на колачи, што ги подготвија жените од осумнаесет градови на Македонија денеска беа изложени на манифестацијата „Благцето на баба“ во мотелот на Велешко езеро.
Педесетина видови на колачи, што ги подготвија жените од осумнаесет градови на Македонија денеска беа изложени на манифестацијата „Благцето на баба“ во мотелот на Велешко езеро. Традиционалната манифестација која годинава се одржува по 15. пат, на едно место собра над 500 пензионерки. Вкусните старински блага како алва, баклава, фурми, татлии, шечерлемиња, ги направиле по рецептите на своите мајки, баби и прабаби, со цел да ги мотивираат помладите генерации да продолжат да ги подготвуваат во своите домови и на тој начин да ја задржат македонската слаткарска традиција. За највкусен и најатрактивен десерт годинава беше прогласен специјалитетот „Кабунија“ на дебарчанката Идает Карамети. Необичен и несекојдневен колач подготвен од месо, ориз, шеќер, суво грозје, маргарин и цимет. „Кабунија е специјалитет без кој не завршува ниту една традиционална албанска свадба. Се служи наредниот ден исто како што според традиционалните македонски обичаи за невестата се подготвува алва“, рече Идает. На манифестацијата вредните пензионерки, преку доброволен прилог собраа 250 евра. Општина Велес им донираше уште 150 евра. Парите ќе и ги дадат на самохрана мајка од Велес, за операција на своето болно дете. /крај/ди
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.