Општество
Основана фондација „Златна рипка“ за исполнување желби на тешко болни деца
„Златна рипка“ е името на фондацијата која преку донации ќе им ги остварува желбите на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од три до 16 години.
Во четврток, 25ти декември, фондацијата беше официјално промовирана во просториите на Детската клиника. Претседателката на фондацијата, Неда Китановска, изјави дека целите и задачите на „Златна рипка“ се насочени кон збогатување на детското искуство со надеж, сила и радост.
„Пред крајот на 2014-та година, периодот од годината кога се подарува и помага, го најавуваме основањето на Фондацијата за исполнување на желби на тешко болни деца, „Златна Рипка” – Скопје. Македонскиот народ е препознатлив по својата хуманост, обединувајќи се да овозможи на својот сограѓанин подобро и понасмеано утре. Овојпат се обединуваме да им ги оствариме желбите на тешко болните дечиња“, изјави Китановска.
Фондацијата „Златна Рипка” е самостојна, доброволна, невладина и непрофитна организација. Целите и задачите на фондацијата се насочени кон збогатување на детското искуство со надеж, сила и радост. Имено, фондацијата преку донирани финансиски средства од компании, граѓани и институции, ќе им ги оствари најголемите желби на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од 3 до 16 години.
„Тимот на фондацијата вклучува и лиценциран психолог кој преку разговор и дружење со децата на Клиниката за детски болести – оддел Онкологија, доаѓа до нивните најголеми желби, аспирации, идоли, а златната рипка им ги остварува. Желбите немаат граници и ќе ги поттикнат дечињата да размислуваат дека ништо на светот не е невозможно. Токму таа надеж и мисла за една остварена желба плус е она што ќе ги насмее и ќе им овозможи полесно лекување“, изјави Деспина Козаровска, дел од тимот на Фондацијата.
На промоцијата беше присутна и директорката на Универзитетската клиника за детски болести, Аспазија Софијанова, која рече дека клиниката ја поддржува оваа иницијатива и своевремено смета дека овие хуманитарни активности се многу важен сегмент од лекувањето на децата на одделот на Онкологија, бидејќи будат надеж и верба во подобро утре и полесно справување со деновите поминати на клиниката, а и во својот дом.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

