Свет
Талибаните ги предупредија жителите на Авганистан да не излегуваат на избори
Талибанските бунтовници добиле наредба од своите лидери да ги спречат изборите за претседател закажани во април и испратиле предупредување до жителите на Авганистан да не излегуваат да гласаат, изјавил во понеделник портпарол на екстремистите, Забихулах Муџахид.
Талибаните исто така ги повикале исламските свештеници низ целата земја да им кажуваат на своите верници дека овие избори се всушност „американски заговор”.
Ова е првата формална закана за насилство пред изборите кои треба да се одржат на 5 април во Авганистан, се наведува во соопштението кое преку електронска порака до медиумите го испратил Муџахид.
„Дадевме наредба до сите наши муџахедини да ја употребат цела сила со која располагаат за да се оневозможат претстојните срамни избори, нашата цел ќе бидат сите работници, активисти, повикувачи, безбедносниот апарат и канцеларии во земјата. Тоа е верска обврска на секој Авганистанец кој треба да ја исполни својата воена обврска со цел народот да се одбрани од најновиот заговор на окупаторот”, се вели во соопштението на Муџахид.
Талибаните не прецизирале какви напади планираат за време на априлските избори.
Во 2009 година на денот на изборите во напади на талибаните биле убиени најмалку 31 цивил и 26 војници и полицајци./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

