Црна хроника
МВР расчисти три одвоени случаи на криумчарење мигранти

Министерствотоз а внатрешни работи во саботата соопшти дека во текот на минатата недела расчисти три одвоени случаи на криумчарење мигранти при што до надлежнотообвинителство поднесе кривични пријави против три лица.
Министерствотоз а внатрешни работи во саботата соопшти дека во текот на минатата недела расчисти три одвоени случаи на криумчарење мигранти при што до надлежнотообвинителство поднесе кривични пријави против три лица.
Пријави с еподнесени против А.Р. (51) од Студеничани, скопско, Б.Ј (27) државјанин на Турција и Х.Ј. (40) државјанин на Албанија поради постоење основано сомнение дека сториле кривично “криумчарење мигранти“.
Од страна на Судија на претходна постапка на А.Р. и Б.Ј. им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена, додека на Х.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Имено во првиот случај во близина на тунелите кај Демир Капија, при разминување од страна на полициски службеници забележано е ПМВ марка Ауди 100 со скопски регистарски таблички кое се движело во правец Гевгелија-Скопје во кое се превезувале мигранти. По забележувањето, УПС свртеле и се упатиле по наведеното ПМВ и кога го пристигнале, возилото било застанато и од него се истоварале илегални мигранти кои откако ги забележале УПС се дале во бегство. На местото на настанот затекнат е возачот на ПМВ, А.Р. и еден од илегалните мигранти од Сирија.
Вториот случај е реализиран на ГП “Богородица“ каде што за влез во Македонија се пријавило ПМВ марка “Опел Виваро“ со германска национална ознака управувано од пријавениот Б.Ј. При извршена контрола од царинскиот работник, возилото е издвоено за детален преглед при што во средниот дел на возилото, под патосот е откриен специјално направен бункаер, во кој биле сместени двајца сириски илегални мигранти со намера да бидат превезени до Германија.
Во третиот случај од страна на полициски службеници во близина на село Прдејци на автопатот Гевгелија-Скопје било забележано ПМВ “Мерцедес“ со албански национални ознаки управувано од пријавениот Х.Ј. како во возилото влегува група илегални мигранти. Набргу возилото е сопрено и во него се откриени десет илегални мигранти од Сирија, меѓу кои и четири деца. Илегалните мигранти се префрлени во Прифатниот центар за странци во Скопје. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.