Македонија
Нов инцидент во средните училишта- средношколец прободен во Велес

Уште еден средношколец претпладнево е прободен со нож, овој пат во средното училиште Коле Неделковски во Велес.
Според првичните информации на полицијата, седумнаесетгодишниот средношколец, ученик во трета година, бил прободен со остар предмет, од страна на друг средношколец кој учел во друго средно училиште во Велес.
По нападот детето било пренесено во болница од страна на професор кој се нашол на местото на инцидентот. Првично детето не е во животна опасност.
Ова е трет инцидент во средните училишта за три дена. Завчера маскирана вооружена група нападна четворица ученици и еден професор во средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска.
Вчера пак со нож беше прободен средношколец од ветеринарното училиште Браќа Миладиновци во скопско Драчево./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.