Регион
Хан: Србија наскоро ќе отвори некое поглавје од преговорите

Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан изјавил дека е уверен оти Србија во наредните неколку недели или месеци ќе отвори некое поглавје од пристапните преговори со Европската унија (ЕУ), пренесува Танјуг.
Хан во четврток престојува во официјална посета на Србија, а по разговорите со српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека праксата на Унијата најпрво да се отворат поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото, правосудството и основните права.
„Тоа е впрочем новата методологија која започнавме да ја применуваме со Србија и Црна Гора. Нашата цел е уште од првиот ден новата држава членка да го има целосниот капацитет, не само формално, туку и материјално“, изјавил Хан и додал дека после тоа може да се отворат и поглавјата 31 и 32.
„Како што порача и вашиот премиер, Србија претставува столб на стабилноста во регионот, и таа треба да претставува столб на стабилноста и пример на својот пат кон ЕУ“, укажал еврокомесарот.
Австрискиот еврокомесар порачал дека во Белград пристигнал за уште еднаш да го увери српскиот народ и власта дека Европската комисија и европското семејство е партнер на Србија во патот кон членството во ЕУ.
„На тоа ќе работам и лично и често ќе бидам во Белград наредниот период, со цел да се обезбеди и придонесе што поскоро Србија да стане членка на Унијата“, изјавил Хан, додавајќи дека членството во ЕУ за Србија ќе претставува дополнителна вредност, „која на српските граѓани ќе им донесе благосостојба и повеќе пари во нивните џебови“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.