Свет
Ослободен американскиот дописник на Ал Џазира
Египетската армија го ослободи дописникот за англиско јазично подрачје на катарската телевизиска станица Аl Jazeera, кого повеќе од седум часа го држеше на непозната локација, пренесе во понеделникот Associated Press.Американски државјанин Ајман Мохелдин беше уапсен во неделата доцна попладне по локално време на каирскиот плоштад Тахрир плоштад во неделата попладне. Агенцијата не соопштува дали против дописникот се поднесени некакви обвиненија.На 31-ви јануари шест нејзини новинари беа притворени во Египет, откако таму беше забрането работењето на оваа телевизија. И тогаш стануваше збор за дописници кои работат за програмата на англиски јазик.Египетските власти ги обвинија новинарите на катарската телевизија дека во своите извештаи покажувале наклонетост кон учесниците на протестите и дека тоа би можело да ги охрабри демонстрантите да прават поголеми нереди.Al Jazeera ова го оцени како обид за цензура, а нејзините новинари продолжија телефонски да праќаат извештаи.Египетските власти пред десет дена го забранија целосното емитување на програмата на Al Jazeera, која има голема мрежа од дописници во целата земја. Како што соопшти египетската државна телевизија, исто така, поништени се и акредитациите на новинарите и снимателите на катарската телевизија, а затворен е и достапот за сателитиските врски.Масовните протести со кои се бараат реформи и оставката на 82-годишниот претседател Хосни Мубарак кој е на власт во земјата 30 години, траат од 25-ти јануари. Во судирите на демонстрантите со полицијата и со поддржувачите на Мубарак, загинаа најмалку 300 луѓе а околу пет илјади се повредени.Според меѓународните организации за човекови права, за време на немирите во Египет регистрирани се повеќе од 100 напади врз новинарите, вклучувајќи и странски новинари. Египетската влада на 4-ти февруари со соопштение побара од армијата да обезбеди безбедност и немешање во работата на новинарите во Египет.Новинарот на египетскиот весникот Al-Ahram, Ахмед Мохамед Махмуд, кој почина во петокот од повредите здобиени на 29 јануари за време на протест во Каиро, стана првата жртва на немирите меѓу припадниците на медиумите.Минатиот четврток дописникот на белгискиот дневен весник Le Soir, Серж Думон беше уапсен и претепан во Каиро, под обвинение за шпионажа. Думон беше обвинет дека шпионирал во полза на еден од лидерите на египетската опозиција, поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Мохамед ел-Барадеј, но потоа беше ослободен.Минатиот четврток беа нападнати и повредени тројца грчки новинари. Двајца од новинарите се здобиле со повреди, а нападнати беа новинарот на весникот Katimerini, Петрос Папаконстантину, фото-репортерот на весникот Јоргос Мутафис и репортерот на Reuters Јанис Бехракис.Меѓу полесно повредените новинари деновиве во Каиро се и дописникот на CNN, Андерсон Купер и двајца дописници на агенцијата Аssocaited Press/крај/ап/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ тврди дека Лавров и Путин не се во конфликт
Кремљ ги отфрли извештаите дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја изгубил наклонетоста кај претседателот Владимир Путин по неуспешниот обид да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец. Лавров, ветеран дипломат и министер од 2004 година, разговараше на телефон со својот американски колега Марко Рубио на 20 октомври за да разговара за потенцијална средба меѓу двајцата претседатели во Будимпешта за мировни преговори во Украина.
Официјалните изјави од двете страни по повикот не сугерираа дека поминало лошо, но Трамп еден ден подоцна објави дека не сака да ја одржи средбата бидејќи тоа би било губење време. Подоцна рече дека ја откажал бидејќи не се чувствувал добро, според агенциите.
Отсуството на Лавров од клучниот состанок на рускиот совет за безбедност минатата недела и одлуката на Путин да го испрати својот заменик-шеф на кабинетот на самитот на Г20 подоцна овој месец наместо министерот ги поттикнаа шпекулациите дека Путин му е лут. Запрашан во петокот за веродостојноста на шпекулациите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли.
„Ќе ви дадам краток одговор: нема ништо вистина во овие извештаи“.
На прашањето дали Лавров ќе остане на својата функција, портпаролот додаде: „Апсолутно. Лавров е министер за надворешни работи, секако“. Објавите за расправијата меѓу двајцата политичари беа поттикнати и од некои анонимни руски канали на „Телеграм“, како и од медиумите кои се критични кон Кремљ.
Фото: принтскрин
Свет
Велика Британија ги укина санкциите против сирискиот претседател и министерот за внатрешни работи
Велика Британија денес ги укина санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал-Шарија, објави Ројтерс.
Советот за безбедност на ОН го стори истото пред средбата на Ал Шари со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот.
Во истото соопштение, британските власти изјавија дека ги укинале и санкциите против сирискиот министер за внатрешни работи, Анас Хатаб.
И двајцата претходно беа под финансиски санкции насочени против Исламска држава и Ал Каеда.
Фото: принтскрин
Регион
„Дали има само еден претседател Вучиќ, интервјуата се чини дека ги даваат сосема различни луѓе“, вели Захарова
Официјалната портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Москва постојано добивала уверенија од српското раководство дека извозот на муниција е под строга контрола и дека оружје од српско производство нема да биде испорачано во Украина.
„Москва постојано добивала уверенија од раководството на Србија дека извозот на муниција од српско производство е под строг надзор и дека оваа стока нема да биде испорачана во Украина, со цел да се спречи Киев да ја користи против нашите војници“, рече Захарова на редовниот брифинг, коментирајќи ги изјавите на претседателот Александар Вучиќ во интервју за германско списание за подготвеноста на Србија да продава муниција на Европската Унија.
Зборувајќи за изјавите на српскиот претседател, Захарова додаде:
„Знаете, кога ги читам сите тие интервјуа на претседателот на Србија, се прашувам дали навистина постои само еден претседател Вучиќ, бидејќи се добива впечаток дека овие интервјуа ги даваат сосема различни луѓе. Слушаме одредени изјави кога е во Москва, а сосема различни кога зборува од други географски точки. Зборувам само за она што е во јавната сфера. Можеби медиумите погрешно известиле нешто, но во тој случај треба да има објаснување од прес-службата на претседателот“, истакна Захарова, објавија руските државни агенции.
Таа потсети дека руската страна на највисоко ниво постојано слушала гаранции од Белград за почитување на неутралноста и контрола на извозот на оружје:
„Искрено кажано, неколку пати, и на највисоко ниво, добивме изјави од српското раководство дека извозот на српска муниција е строго контролиран и дека оваа стока нема да заврши во Украина, со цел да се спречи нејзина употреба против нашите војници“, нагласи портпаролката на руското МНР.
Таа, исто така, потсети дека „руските војници постојано му приоѓале на помош на братскиот српски народ“.
„Одбивам дури и да ја разгледам не само можноста, туку и самата помисла дека руските војници, кои историски ги дале своите срца – во секоја смисла на зборот, давајќи ги своите животи или изразувајќи љубов и лојалност кон своите српски браќа – би можеле да бидат погодени или убиени од српско оружје, муниција и гранати“, заклучи Захарова, објави РИА Новости.
Претходно, Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) објави дека Белград наводно испратил муниција во Киев, и покрај својата прогласена неутрална позиција. После тоа, Вучиќ изјави дека „сите спорни испораки ќе бидат откажани доколку има сомнежи во врска со документацијата или крајниот корисник“. На 23 јуни, тој објави дека Србија го суспендирала извозот на муниција и дека ќе бидат потребни посебни одлуки за секоја идна пратка во странство, пренесуваат медиумите во регионот.

