Македонија
Осуда од „Рaзбуди се“ единствено за синоќешниот инцидент

Граѓанското движење „Разбуди се“ го осуди инцидентот во автобусот број 58 што се случи во средата.
Граѓанското движење „Разбуди се“ го осуди инцидентот во автобусот број 58 што се случи во средата.
Бараат МВР да го расчисти случајот и да ги казнат, како што велат, криминалците кој што се кријат зад маски и напаѓаат невини и небранети ученици.
„Во околности на полициска неажурност, граѓаните се приморани да се организираат за да се одбранат себеси и семејството од вакви кукавички напади на хулигани и криминалци кои што се кријат зад маските. Оваа ситуација е аpапсолутно непожелнаa, но и неопходна во ситуација кога институциите не си ја вршат својата работа. ‘Разбуди се’ е покрај семејствата на повредените ученици и им посакува што е мoжно поскоро оздравување и ќе ги поддржи родителите во секој чeкор за да се изнесат пред прaвдата тие кукавички виновници коишто на срамен начин ги нападнаа нивните деца“, велат од движењето.
Засега од движењето изостанува реакцијата за инцидентите што во четвртокот наутро се случија на автобуските линии со број „57“ и „65“./крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.
Проектот, кој беше преземен од Град Скопје, е задржан во делот на идејното архитектонско решение, а изработката е дело на проектантот Бујар Муча. Во конструктивниот дел беа направени измени врз основа на насоките од испитувањата што Министерството за култура и туризам ги побара како неопходност што произлезе од пожарот на објектот, извести Министерството за култура.
Она што е особено значајно во решението е дека ќе се задржи постојната форма за почитување на колективната меморија, Универзалната сала ќе располага со капацитет од 1200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, како: HVAC, сценска механика, ЛЕД-осветлување, аудио-видео и електрични инсталации. Предвидени се и нови современи материјали во ентериерот и екстериерот, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а е изработено и современо, атрактивно партерно и хортикултурно решение.
Очекувањата се до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, по што ќе започне изградбата на Универзалната сала по системот „клуч на рака“. Планирано е изградбата да биде завршена до крајот на 2027 година, а од 2028 година Универзалната сала ќе биде подготвена да биде дел од програмата „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра, соопшти Министерството за култура.
„Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, идентитетот и иднината на Скопје. Универзалната сала ќе стане модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво, достапна за сите граѓани. Со нејзината изградба, создадовме предуслови Скопје да го зачува духот на својата културна традиција, но и да ја зајакне својата улога како европска престолнина на културата во 2028 година“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Македонија
„Влен“: Министерот на ДУИ, Насер Нуредини, ја дал дозволата на складиштето во Трубарево

„ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи“, велат од „Влен“.
„ДУИ денеска се обидува да ја префрли одговорноста врз други, но граѓаните знаат дека токму оваа партија е главниот виновник за еколошката катастрофа која ја живее Скопје и цела Северна Македонија.
Бујар Османи е во тежок зорт кога почна да си ги мести и своите сопартијци, во овој случај неговиот довчерашен колега Насер Нуредини.
ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на објектот во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје.
Потписот на дозволата е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок другар на Бујар Османи. ДУИ 20 години раководеше со екологијата во државата. За тие две децении создадоа депонија во центарот на Тетово, депонија во центарот на Кичево, депонија веднаш до Струга, како и десетици депонии околу Скопје. Наместо решенија, ни оставија отровна животна средина.
ДУИ управува и со јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје. Директорот е нивен кадар. Ако денес Скопје се гуши во чад и отрови, тоа е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалност на институциите под нивна контрола.
Додека граѓаните живееја во загаден воздух и отровна почва, функционерите на ДУИ купуваа трговски центри, фотоволтаични централи и нафтени бизниси. ДУИ нема право да зборува за екологија. Тие се симбол на партизација, корупција и урбан хаос. Граѓаните на 19 октомври ќе кажат стоп на оваа политика и ќе изберат власт што ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе воведе ред во управувањето со отпадот.
На ДУИ треба да му се инсталира детектор за лаги без одлагање. Количеството на лаги кои го пласираат станува медицински проблем. Како е можно ДУИ да го обвинува Изет Меџити за дозвола потпишана и издадена во време кога министер е Насер Нуредини? Како е можно партијата која 20 години раководи со ресорот животна средина да го обвинува Изет Меџити, кој е министер само 1,5 година? Како е можно ДУИ да е толку отуѓена од реалноста за вака дрско да ги потценува граѓаните“, прашуваат од „Влен“ преку писменото соопштение.
Македонија
За викендот од 1.549 прекршоци, дури 844 за непочитување на пропишаната брзина на движење

Во деновите од изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1549 издадени платни налози повеќе од половината, односно 844 се однесуваат на сообраќајните прекршоци поврзани со непочитување на пропишаната брзина на движење, извести МВР.
Понатаму, според бројноста следат 148 прекршоци за неправилно паркирање, потоа 145 прекршоци за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 76 прекршоци за возачи кај кои е утврдено присуство на алкохол во крвта над законски дозволеното ниво.
Исто така, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на овој викенд санкционирани се и 46 возачи на моторцикли заради неносење заштитен шлем, потоа 23 лица заради говорење на мобилен телефон при возење, само еден пешак и петмина возачи што минале на црвен семафор, додека пак прекршочно се казнети уште 58 лица кои некористеле сигурносен појас. Воедно, во текот на викендот полициските службеници евидентирале и 16 кривични дела – „безобзирно управување со моторно возило“ по член 297-1 од КЗ на РСМ, од кои што 11 кривични дела се однесуваат на прекумерно количестрво алкохол (над 1,5 промили во крвта) и пет кривични дела причинети со управување со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.
Инаку согласно Законот за возила, регистрирани се 14 прекршоци кај возила што учествувале во сообраќајот без валидна сообраќајна регистрација.