Македонија
ЛДП бара Анкетна комисија за успешноста на „Ден на дрвото“
Либерално демократската партија ќе бара формирање на Анкетна комисија која ќе излезе на терен за утврдување на точниот број на засадени садници, колку чини целокупниот процес и каква е успешноста на досега засадените садници.
Од партијата ја прашуваат Владата колку пари од граѓаните се потрошени за активностите по повод „Ден на дрвото“ организирани од 2008 година до денес.
„Поставуваме прашање колку садници по видови и количини се засадени и по кои цени се набавени? На кои локации се засадени и колку од овие садници успеале да израснат и да вегетираат, а колку не успеале и која е причината за неуспешноста. Колку и на каков начин се заштитени од потенцијално уништување?“, прашува Зоран Шапуриќ, претседател на Одборот за животна средина при ЛДП.
За оваа акција која е иницирана од невладиниот сектор, а финансирана од Буџетот на Македонија, како што рече Шапуриќ според нивните информации од експерти од областа на шумарството успешноста на акцијата била помала од 10 отсто.
„Тоа е фрапантно мал процент на успешноста во споредба со предвиденото. Само оваа година би требало да се засадат седум милиони садници, што би значело дека на терен треба да излезат 700 илјади граѓани и секој да засади по десет садници“, рече Ѓапуриќ.ЛДП ќе побара информација од министерот за земјоделство и шумарство да достави дo Собранието прецизни податоци за акцијата./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.
Македонија
Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.
Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.
Македонија
Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци
,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.
Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.
(ПР текст)