Економија
Винер осигурување достигна пазарен удел од 17,5 отсто

Осигурителната компанија „Винер Осигурување“, која пред седум месеци влезе во Македонија, денеска објави дека достигнала пазарен удел од 17,5 отсто.
Осигурителната компанија „Винер Осигурување“, која пред седум месеци влезе во Македонија, денеска објави дека достигнала пазарен удел од 17,5 отсто.
Раководството на „Винер Осигурување“, на денешната неформална средба со новинарите информираше дека компанијата остварила пораст на пласираната премија, а ги зголемила и средствата за покривање на техничките резерви на штети.
„Овие резултати се реализирани во исклучиво тешка година, која не ја одмина Македонија. Осигурителниот пазар се опфатно го намали својот обем за 4,5 отсто“, велат од „Винер Осигурување“.
Компанијата се пофали дека во првото тромесечје од 2010 година ќе оствари пораст од 15 отсто во однос на истиот период лани.
Од оваа компанија се пожалија дека граѓаните во Македонија многу малку имаат навика за станбено осигурување, бидејќи се неинформирани и сметаат дека е тоа прескапо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.