Свет
Бројот на терористички напади во Северен Кавказ се удвојува секоја година

Бројот на терористички напади во рускиот федерален округ Северен Кавказ расте двојно секоја година , соопшти денеска заменик–главниот обвинител на Русија, Иван Сидорук, пренесува Риа Новости
„Бројот на терористички напади во регионот е зголемен за 100 проценти и достигна 14 терористички акти“, изјави тој на средбата посветена на борбата против шверцот со оружје и злосторствата против силите за безбедност во Северен Кавказ.Сидорук рече дека во 2010 година се извршени преку противтерористички операции во овој регион, кои резултираа со елиминација на преку 300 милитанти. Запленети се преку 1.665 огнени оружја, 1.200 килограми експлозив, како и 110 експлозивни направи. Тој додаде и дека се елиминирани 16 лидери на милитантите, спречени се 58 терористички дејствија.Руските севернокавкаски републики, а особено Дагестан, Чеченија и Ингушетија, се соочени со драматичен пораст на активностите на милитантите, при што напади на полициските и федералните службеници се пријавуваат речиси секојдневно.Кон средината на август годинава, претседателот Дмитри Медведев го критикуваше неговиот специјален пратеник за Северен Кавказ, Александар Клопонин, за лошата ситуација во Дагестан, кој добива најмногу федерални субвенции, а сепак квалитет на животот во оваа република е најнизок во федерацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија потврди дека ќе оди на преговори со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пак, се обрати вечерва во видео на платформата X. „Во тек се итни интервенции по нападот со руски беспилотни летала врз Харков. Уште еден напад врз енергетски објект – исклучиво цивилен. Русија останува она што е“, рече Зеленски.
„Додека сите чекаат одговор од Русија на предлогот за примирје и директни преговори, тие одговараат со нови удари и напади. Затоа е неопходен притисок“, рече тој.
Зеленски потврди дека украинскиот тим активно се подготвува за преговори во Турција и дека ставот на Украина денес им бил презентиран на сите партнери.
„Путин е оној кој одлучува за сè во Русија, па затоа тој е оној кој мора да ја запре оваа војна. Ова е негова војна. Затоа, преговорите мора да бидат со него“, рече Зеленски.
Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, изјави дека не верува оти средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи оваа недела во Турција.
Свет
Објавено видео од обидот за киднапирање на ќерката на крипто магнат во Париз

Во последните неколку месеци, серија киднапирања и обиди за киднапирања беа насочени кон истакнати личности од светот на криптовалутите. Жена, за која се вели дека е ќерка на францускиот коосновач и извршен директор на компанијата за трговија со криптовалути „Пејмиум“, утрово избегала од киднапирање во Париз со помош на случаен минувач, објави „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, жената шетала со својот партнер и нивното мало дете кога била нападната на улицата околу 8 часот наутро. Француските медиуми објавија дека нејзиниот партнер успеал да ги оттргне маскираните напаѓачи кои се обиделе насилно да ја внесат жената во бело комбе.
🚨🇫🇷 ALERTE INFO | La fille d’un dirigeant d’une société de cryptomonnaie, accompagnée de son enfant de 2 ans, a échappé de peu à une tentative D’ENLÈVEMENT ce matin en plein Paris. (Le Parisien) pic.twitter.com/RyJJl0wJW5
— Cerfia (@CerfiaFR) May 13, 2025
Видеото од нападот, кое беше споделено на интернет, исто така покажува минувачи како и помагаат на двојката. Еден од минувачите го зел пиштолот што напаѓачот го фрлилна земја и го насочил кон нив, додека друг фрлил црвен противпожарен апарат во правец на маскираните мажи. Откако не успеале во обидот за киднапирање, напаѓачите избегале со возило.
Во последните месеци, низ Франција и Европа има сè поголем број случаи во кои шефовите на криптовалутите и нивните семејства биле киднапирани или избегале од обиди за киднапирање.
На почетокот на мај, таткото на шефот на криптовалути помина три дена во заробеништво откако беше киднапиран додека го шеташе своето куче во Париз. Неговите киднапери побарале откуп од повеќе милиони долари за неговото ослободување и му испратиле на неговиот син видео од сечењето на неговиот прст, објави Франсинфо.
Во меѓувреме, во јануари, Дејвид Баланд, 36-годишниот коосновач на француската крипто компанија „Леџер“, и неговиот партнер беа киднапирани од нивниот дом во малата општина Меро, која се наоѓа во централно-северна Франција.
Свет
(Вознемирувачко видео) Кандидатка за градоначалничка на Мексико убиена во пренос во живо на Фејсбук

Она што започна како радосен предизборен митинг во неделата вечерта во мексиканската држава Веракруз се претвори во ужас кога една кандидатка за градоначалничка беше убиена заедно со уште три лица, објави Си-Ен-Ен.
Застрашувачкиот момент беше снимен во пренос во живо на Фејсбук. Видеото ја прикажува Јесенија Лара Гутиерез како ги поздравува локалните жители додека шета низ улиците со поддршка на поворка поддржувачи. Видеото прикажува насмеана и радосна толпа која навива додека ја следи поворката. Во еден момент се слушаат истрели, кои ја задушуваат нивната прослава. На видеото, кое вчера беше достапно и на Фејсбук страницата на Лара, се слушаат околу 20 истрели.
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум го потврди нападот и рече дека засега нема информации за евентуален мотив. Таа додаде дека нејзината влада е во координација со државните службеници на Веракруз и дека ќе понуди помош на државно ниво, вклучително и соработка со канцеларијата на државниот обвинител, доколку е потребно.
„Во координација сме, особено со министерот за безбедност, и сме подготвени да ја обезбедиме целата потребна поддршка за време на овој изборен период во Веракруз и Дуранго“, рече таа, осврнувајќи се на изборите што ќе се одржат во овие две држави на 1 јуни.
„Ниту една функција или политичка должност не вреди човечки живот“, изјави гувернерката на Веракруз, Росио Нале, на социјалната мрежа X. „Ќе ги пронајдеме оние што стојат зад ова кукавичко убиство на кандидатката на Морена и нејзините поддржувачи во Тексистепек“.
Нападите врз политичките кандидати се вообичаени во Мексико за време на изборните кампањи. Минатата година, земјата забележа рекорден број жртви на политичко насилство поврзано со организиран криминал. Според извештајот на организацијата за човекови права „Дата Цивика“, имало 661 напад врз луѓе и предмети, а поголемиот дел од жртвите биле луѓе кои се кандидирале или веќе имале позиции на локално ниво.
Во мај 2024 година, кандидат за градоначалник беше убиен за време на кампањата во јужната држава Гереро, во пукање кое исто така беше снимено. Неколку дена подоцна, градоначалничката на Котија во државата Мичоакан беше убиена додека се враќаше дома од теретана со својот телохранител.
Во октомври, градоначалникот на главниот град на државата Гереро, Чилпансинго, беше убиен помалку од една недела откако ја презеде функцијата.