Црна хроника
Најдено безживотно тоело на исчезнатиот велешанец
Владо Јовановски, излегол од својата куќа и повеќе не се вратил. Неговото безживотно тело е предадено на обдукција
Дијана Иванова, од Велес
Во понеделник наутро безживотното тело на велешанецот Владо Јовановски беше најдено во каналот покрај фабриката за цигли „Киро Кучук”. Телот било забележано од случаен минувач. На местото каде е пронајдено мртвото тело увид направила полицијата и јавен обвинител.По барање на Обвинителот телото на починатиот 51-годишен Владо е предадено на обдукција.Првичните информации од полицијата говорат дека на телото не се забележани знаци на насилство.Јовановски бил семеен човек, неговата сопруга изјави дека заедно биле во семејната викендичка која се наоѓа во непосредна близина на местото каде е пронајдено беживотното тело. Таа заспала и незабележала дека Владо не се вратил дома. Утрото штом забележала дека сопругот не е дома, веднаш го побарала, но ја дознала трагичната вест дека сопригот и е мртов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени
Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода 61-годишниот И.А. и 63-годишниот С.А., двајцата од село Јакимово, виничко, 66-годишниот Д.Т. од Кочани, 62-годишниот М.И. и 30-годишниот Ј.М., двајцата од Виница.
Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на село Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник Ј.М., при што во двете возила биле пронајдени и одземени метален детектор и алат.
По насоки на надлежен јавен обвинител и по извршени проверки во содејство со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница во село Калиманци било констатирано дека пријавените во временскиот период од 13 до 15.12.2025 извршиле ископ.
По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на М.И., С.А. и И.А., при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина и друг алат. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

