Свет
Месо од клонирани крави влегло во британскиот синџир на исхрана
Месо од потомок на клонирана крава влегло во Британскиот синџир на исхрана, признаа за прв пат властите, пренесува британски Телеграф.
Месо од потомок на клонирана крава влегло во Британскиот синџир на исхрана, признаа за прв пат властите, пренесува британски Телеграф. Агенцијата за стандарди на храната (Food Standards Agency – FSA), признала дека месото од тригодишен бик, потомок на клонирано животно, било исечено, продадено и изедено минатата година. Се смета дека месото, најверојатно завршило во некоја пита или бургер во Шкотска. Признанието доаѓа два дена по силните негирања од страна на ФСА како и месната индустрија дека било какво млеко или месо од клонирани животни или нивните потомци, некогаш влегло во синџирот на исхрана, пишува британскиот весник. Храната од клонирани животни, или нивните потомци е илегална, според Агенцијата за стандарди на храната (ФСА). Претходните неколку дена постоеле силни несогласувања помеѓу ФСА и Брисел за интерпретацијата на законот, додека од европските институции одговорни за поставување на сите британски закони за безбедноста на храната излегле гласини дека најверојатно илјадници млечни и месни производи кои се создадени од клонирани животни, се продаваат на британскиот пазар. Дејвид Баулс од РСПЦА – организација за заштита на правата на животните која е против клонирањето, за Телеграф изјавил дека е вџашен од фактот дека месо од клон веќе влегло во синџирот на исхрана. „Некој човек несвесно го изел ова месо. А ние не знаеме дали месото е опасно за човековото здравје или не,“ рекол Баулс. Се уште не постојат докази дали јадењето месо или млечни производи од животно кое е клонирано или неговиот потомок е штетно за човековото здравје, но борците за правата на животните тврдат дека процесот на клонирање е многу опасно за самите животни и продуцира овци и крави со скратен век на живеење./крај/телеграф/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

