Македонија
Пандев: Ова е нашата реалност
Високиот пораз на Македонија од Холандија е заслужен и реален, холандските фудбалери ја покажаа својата класа, додека македонската селекција
Високиот пораз на Македонија од Холандија е заслужен и реален, холандските фудбалери ја покажаа својата класа, додека македонската селекција одигра слаб натпревар.
Вакво мислење владее во таборот на македонската фудбалска селекција по синоќешниот убедлив пораз 0-4 на гостувањето против силната Холандија со што дополнително ги намали шансите за дебитантски настап на фудбалскиот Мундијал.
„Знаевме дека не очекува тешка средба. Во првото полувреме не ги исполнивме задачите на селекторот и дојде високиот пораз. Ова е нашата реалност“, изјави најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.
Според него физичките подготовки кај противникот биле на високо ниво, кој лесно ги искористи нашите грешки и заслужено победи.
Селекторот Сречко Катанец смета дека Македонија одигра слабо, покажувајќи дека е недоволно физички подготвена да му парира на поквалитетниот противник.
„Барав од играчите да стојат поблиску до противникот да се обидат да го запрат. Во секој случај Холандија докажа дека е врвна селекција и заслужено победи“, рече Катанец. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

