Свет
Демонстрации против мафијата во Италија
Неколку илјади лица денеска се собраа во Неапол на демонстрации против организираниот криминал
Неколку илјади лица денеска се собраа во Неапол на демонстрации против организираниот криминал.
Здружението Либера, организатор на собирот во знак на сеќавање на жртвите на мафијата и организираниот криминал, соопшти дека очекува да се соберат околу 30 илјади демонстранти од цела Италија.
Семејствата на жртвите носеа фотографии на убиените, а во поворката учествуваа и активисти на организациите за борба против организираниот криминал.
Италијанскиот книжевник Роберто Савијано, кој е автор на книгата по која е снимен филмот “Гомора“ за злосторствата на неаполската мафија Камора, исто така се приклучи на собирот./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.
„Тој сака да се сретнеме, а ние тоа го договараме. Тој дури и јавно го кажа и мораме да ставиме крај на оваа војна“, рече Трамп пред средбата со републиканските гувернери во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.
Тој не понуди временска рамка кога треба да се одржи таа средба.
Враќањето на Трамп во Белата куќа на 20 јануари ги зголеми надежите за дипломатско решение за ставање крај на инвазијата на Москва на Украина која започна во февруари 2022 година, но исто така поттикна стравувања во Киев дека брзиот мировен договор може да има висока цена за Украина, се вели во анализата. вели Ројтерс.
Имено, некои од советниците на Трамп изнесоа одредени предлози за прекин на војната со кои во догледна иднина практично би ѝ се отстапиле на Русија големи делови од земјата.
Од почетокот на руската инвазија, САД, под претседателот Џо Бајден, и обезбедија на Украина воена и безбедносна помош вредна повеќе од 175 милијарди долари. Сепак, неизвесно е дали помошта ќе продолжи со тоа темпо под Трамп, кој рече дека сака брзо да ја заврши војната.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно во четвртокот изјави дека Путин ќе ја поздрави желбата на Трамп за контакт, но дека досега немало официјални барања. „Посоодветно би било да се почека Трамп прво да ја преземе функцијата“, рече Песков.
Европа
Четворица цивили загинаа во гранатирање во Украина
Четири лица загинаа во гранатирање во Украина, руската војска е обвинета за жртвите во Доњецк, а украинските сили во регионот Запорожје, соопштија регионалните власти.
Во регионот Доњецк, точката на бавното напредување на Русија на запад долж линијата на фронтот, гувернерот Вадим Филашкин на Телеграм изјави дека две лица загинале кога руските сили го гранатирале градот Сиверск.
Понатаму, на југ, во областа контролирана од Русија во областа Запорожје, две лица загинаа кога градот Камјанка-Днипровска беше под украински оган, напиша на Телеграм Евгениј Белицки, гувернерот назначен од Русија.
Градот се наоѓа на голема акумулација покрај реката Днепар, која ја минува Украина, недалеку од нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите на бојното поле од ниту една завојувана страна.
Свет
(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни
Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите на катастрофата во јужна Калифорнија.
Снимките од воздух на областа Пацифик Палисадес во Лос Анџелес во четвртокот покажаа широко распространето уништување по пожарот во Палисадес, кој продолжува да гори.
Шефот на пожарникарите во Лос Анџелес, Кристин Кроули, го опиша пожарот во Палисадес како една од најразорните катастрофи во историјата на градот, со илјадници уништени објекти и масовна евакуација.
Целосно се уништени делови од Лос Анџелес и околните области низ кои беснееше страшниот пожар.
Од фотографиите се гледа дека бројни куќи се изгорени до темел, а дека пожарот се уште беснее во другите делови на градот.