Свет
Најмалку 31 лице повредено во експлозијата во Мадрид

Најмалку 31 лице е повредено во силната експлозија на автомобил бомба, што изутрината се случи во близина на конференцискиот центар во Мадрид, по предупредувањето што го упати баскиската сепаратистичка организација ЕТА.
Најмалку 31 лице е повредено во силната експлозија на автомобил бомба, што изутрината се случи во близина на конференцискиот центар во Мадрид, по предупредувањето што го упати баскиската сепаратистичка организација ЕТА. Според извор во спасувачките екипи, автомобилот бомба експлодирал во близина на Саемот неколку часа пред доаѓањето на шпанскиот крал Хуан Карлос, кралицата Софија и мексиканскиот претседател Винсент Фокс. Истиот извор изјави дека 21 лице веќе е хоспитализирано, и главно станува збор за полесни или умерени повреди. Баскискиот весник “Гара“ примил анонимна дојава за бомба 40 минути пред експлозијата, но дојавувачот не ја открил точната локација. Полицијата го евакуираше Конференцискиот центар и уште еден таков саем во друг дел на градот. Експлозијата се случи неколку часа пред доаѓањето на кралскиот пар и мексиканскиот претседател на свеченото отворање на АРКО, еден од најголемите светски саеми на уметноста. Нападот е извршен по апсењето на повеќе од десет припадници на ЕТА во различни делови на Шпанија, вклучително и Баскија и Валенсија, осомничени за регрутација на нови членови. ЕТА, во последните неколку месеци, изведе неколку помали напади. Последниот бомбашки напад, во кој беа повредени неколку лица, беше изведен на 30.јануари, годинава./Крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ништо нема да се случи во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина додека не се сретне лично со рускиот претседател Владимир Путин.
„Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, во ред? Очигледно е – тој немаше намера да дојде. Ќе дојдеше, но мислеше дека јас ќе одам. Немаше да дојде ако јас не бев таму и не верувам дека нешто ќе се случи, без разлика дали ви се допаѓа или не, додека не се сретнеме двајцата. Но, ќе мора да се справиме со тоа бидејќи премногу луѓе умираат“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ по пристигнувањето во Абу Даби.
Трамп додаде дека не е разочаран што Путин не е во делегацијата што денеска пристигна во Турција на разговори на високо ниво со Украина: „Не сум разочаран од ништо. Зошто би бил? Ние штотуку донесовме 4 трилиони долари, а вие сте разочарани од делегацијата? Не знам ништо за делегацијата, дури и не проверив“.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно изјави дека нема да се сретне со никого од руската делегација освен со Путин и ги нарече луѓето што пристигнаа во Истанбул „статисти“.
Иако американската администрација претходно посочи дека нема планирано патување во Турција, Трамп денеска изјави дека можноста останува отворена.
„Ако нешто се случи, ќе заминам во петок, ако е погодно“, рече тој за време на бизнис тркалезна маса во Доха.
Трамп претходно вети дека ќе ја запре војната на Русија против Украина „уште на неговиот прв ден на функцијата“ – но подоцна призна дека тоа е претерување.
Свет
Трамп објави: Непријателствата се решени

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени откога ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.
Во обраќањето пред американските трупи во воздухопловната база Ал Удеид во Катар за време на турнејата на Блискиот Исток, Трамп рече дека Пакистан и Индија се задоволни од тоа, објави „Ројтерс“.
Соседните нуклеарни земји го завршија конфликтот, кој траеше од 7 до 10 мај, кога се согласија на прекин на огнот по дипломатски разговори и притисок од САД.
Како што е најавено, денес во текот на денот Трамп ќе отпатува во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати на последниот дел од неговата турнеја на Блискиот Исток, која трае од 13 до 16 мај.
Свет
(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во неделата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, а во Истанбул рускиот и украинскиот лидер чекаат одделно да почнат преговорите.
Авионот на украинскиот претседател слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара и е закажана средба со Ердоган напладне.
Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара само со Путин предизвикувајќи го да дојде во Истанбул ако е доволно храбар.
Кремљ одговори дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат имаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.
Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.
Американскиот претседател моментно е на турнеја на Блискиот Исток, а изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку тоа би било соодветно“.