Македонија
Судиите навредени по фудбалскиот натпревар
Судиите од кривичниот суд се чувствуваат навредени по фудбалскиот натпревар на Арената Филип Втори меѓу судиите, обвинителите и адвокати, кој што организираше Министерството за правда, а се одржа во неделата.
Судиите од кривичниот суд се чувствуваат навредени по фудбалскиот натпревар на Арената Филип Втори меѓу судиите, обвинителите и адвокати, кој што организираше Министерството за правда, а се одржа во неделата.
„Неупатно, крајно неадекватно и нефер кон судиите и судскиот систем е започнувањето на кампањата за реформи во судството да се одбележи и компарира со непрофесионално, политизирано, нерегуларно и неетичко работење на судиите. Судиите од овој суд во никој случај немаше да учествуваат на овој натпревар доколку во поканата за нивно учество ќе беше наведено дека овој натпревар всушност претставува измислена пародија за работата на судовите“ се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.
Судиите реагираат и на неадекватните изјави на поединци и коментари изнесени во медиумите, кои се однесуваат на судовите.
По реакцијата на судиите, соопштение испратија и организаторите на фудбалскиот натпревар, агенцијата Њу момент, кои ги демантираат тврдењата на судиите дека настанот на било кој начин ги издвоил судиите како непрофесионалци и исполитизирани.
„Жалиме што во денешното соопштение на Основен суд – Скопје 1 фудбалскиот натпревар беше протолкуван погрешно. Уште еднаш нагласуваме дека мечот беше симболична претстава за тоа какво не треба да биде судството во Македонија. Заеднички интерес на судовите, судиите, на Министерството за правда и на граѓаните е судството да биде колку што е можно поефикасно и поетичко. Законските измени што ги спроведуваат Владата и Министерството за правда на РМ, имаат за цел да овозможат брзи, ефикасни, фер и правични судски процедури за сите македонски граѓани“ се вели во соопштението на организаторите./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

