Македонија
Брисел – Смирување на страстите

Европската унија будно ги следи состојбите во Македонија и сака смирување на страстите, пред се, поради претстојната одлука дали земјата ќе биде
Европската унија будно ги следи состојбите во Македонија и сака смирување на страстите, пред се, поради претстојната одлука дали земјата ќе биде ставена на белата шенген листа.
Ова е една од пораките што ЕУ ја упатува со вчерашните разговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценуваат дипломатски извори од ЕУ за Макфакс. Лидерот на ДУИ помалиот коалиционен партнер во македонската влада во средата во Брисел имаше средби со високиот претставник на унијата Хавиер Солана и со еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Смирувањето на страстите околу имплементацијата на Охридскиот договор, што започна да го проблематизира опозиционата Демократска партија на Албанците (ДПА) е цел на Брисел, но и на Ахмети, оценуваат дипломатски извори, кои сакаат да останат анонимни.
Охридскиот Рамковен договор, кој е и услов за натамошното интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО мора да биде целосно спроведен, а за тоа ќе биде потребна помошта на ЕУ и на пошироката меѓународна заедница, изјави Ахмети по средбите.
Тој додаде дека со Хавиер Солана и со Оли Рен разговарал за најновите случувања во Македонија.
„Солана го спомна Охридскиот договор и проблемите што сè уште постојат околу неговата имплементација и најави дека ЕУ ќе се концентрира тој да се биде спроведен“, изјави Ахмети.
Лидерот на ДУИ на средбите во Брисел ги повтори ставовите за решавање на разликите околу името со Грција, при што ставот на ЕУ, е ова прашање, како и досега, да се решава во Обединетите Нации , посочија дипломатски извори.
Според истите извори посетата на Ахмети на Брисел, која може да се толкува и како партиска и приватна, и средбите со високите претставници на ЕУ не е невообичаена за унијата./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче се надева на победа на СДСМ во Крива Паланка уште во првиот круг

Во Крива Паланка повторно ќе славиме победа и тоа уште во првиот круг, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Крива Паланка.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче истакна дека Крива Паланка е една од најубавите општини во државата и тоа благодарение на посветената работа на градоначалникот на СДСМ и неговиот тим.
„За резултатот на Сашко во Крива Паланка јас вечерва нема зборувам. Вие тоа го знаете многу добро, се гледа на секоја страна во Крива Паланка, каде и да се заврти човек, делата зборуваат гласно. Овде се работело, а граѓаните тоа го гледат, го живеат секој ден. Затоа, нашата борба за Крива Паланка ќе продолжи со нов мандат, со победа на СДСМ и коалицијата и на советничките листи“, рече Филипче.
Македонија
Филипче до граѓаните: Вашата сила е во гласањето, покажете ја во недела

Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка.
Пред граѓаните, Филипче се заблагодари за масовната поддршка и јасно порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи нашиот дом власта да продолжи да го руши цигла по цигла, или народот ќе се обедини за да го зачува.
„Ова не се обични локални избори. Во недела одлучуваме дали ќе ја вратиме правдата, достоинството и чесноста во нашата земја. Одлучуваме за иднината на секое семејство, за сигурна иднина на младите, за држава во која трудот се цени, а не партиската книшка“, истакна Филипче.
Тој потенцираше дека СДСМ е партијата која секогаш ја водела Македонија напред, со конкретни политики и дела, а не со лаги и манипулации.
Македонија
Мицкоски повика на масовна излезност: Гласајте за партии што можат да менуваат, а не за мали групи што профитираат од вашите гласови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните на масовна излезност в недела и истакна дека на овие избори се избира меѓу две опции – една која, како што рече, ја враќа Македонија назад, и другата – понудата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која нуди вистински избор и напредок.
„ Јас ги повикувам граѓаните да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовно да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. “ рече Мицкоски во гостување на „Сител“.
Тој дополнително порача и дека граѓаните треба да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали партии кои се мала група што профитира од гласовите на граѓаните. Според него, ако граѓаните го послушаат разумот и срцето, во огромно мнозинство ќе го заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.