Контакт

Општество

Иванов со честитка до граѓаните по повод 11-ти Октомври

Објавено пред

Претседателот  Ѓорге Иванов, по повод 11-ти Октомври – Денот на народното востание во Република Македонија упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

 

„Нека ни е честит 11-ти Октомври,  Денот на народното востание. На овој историски ден во 1941 со нападите на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ врз полициската станица и затворот во Прилеп започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно ослободителна борба. Преку оваа борба нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Токму со 11-ти октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Македонските граѓани знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја“, се вели во честитката на Иванов.

 

„Денес после 73 години не бледнее споменот на 11-ти октомври и на народно ослободителната борба, живо е сеќавањето на сите оние кои застанаа наспроти моќната фашистичка армада и го положија својот живот на олтарот на татковината. Победата беше извојувана со невиден хероизам, смелост, непоколебливост и саможртвување. Наследството кое ни го оставија македонските борци – слобода и мир нема да дозволиме никогаш да ни биде одземено и загрозено. На овој голем  празник уште еднаш да се потсетиме дека Македонија, била, е и секогаш ќе биде на страната на прогресот, демократијата и слободата. Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври! Да живее Република Македонија!“, додава Иванов во својата честитка./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија2 часа

23,7 отсто од младите во земјава ниту учат, ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август -Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во реалност...

Топ2 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет3 часа

(Видео) Рекорден топлински бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлинскиот бран кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлински удар во Италија, додека шумските пожари закануваа...

Македонија3 часа

Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет4 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава5 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија5 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија15 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија15 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија19 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија21 час

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија22 часа

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар...

Македонија23 часа

(Видео) „Началникот од Демир Хисар, кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, нема штитење поединци“, вели Манасиевски

„Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или...

Македонија23 часа

(Фото) Пожарот во атарот на селото Долно Дупени ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и...

Македонија23 часа

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување...

Македонија1 ден

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија1 ден

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје првпат не е прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп – Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...