Македонија
Вишеградска инспирација за Балканот

Никаков пишан документ или декларација не произлезе од Третата регионална претседателска средба, што неделава се одржа во Охрид.
Никаков пишан документ или декларација не произлезе од Третата регионална претседателска средба, што неделава се одржа во Охрид. Инспирирани од Вишеградската група, која веќе две децении постои во централна Европа, претседателите на Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, засега останаа само на декларативните заложби за конкретизирање на соработката меѓу четирите земји. Ѓорге Иванов, Бамир Топи, Атифете Јахјага и Филип Вујановиќ посочија дека економската соработка на регионот единствено ќе се постигне преку стопанско и инфраструктурно поврзување на земјите, како и овозможување на слободен проток на луѓе, идеи и стоки. Фактот што никаков пишан документ и трета година по ред не произлезе од Регионалната претседателска средба меѓу Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како што велат од кабинетот на Иванов за „Макфакс“, не преставува неуспех. Оттаму објаснуваат дека тоа воопшто не било ниту планирано за годинешниот состанок во Охрид. Ставот на Иванов за понатамошна структурализација на соработката, инспирирано од примерот на Вишеградската група, како што објаснуваат, не мора да значи и нејзина институционализација. Економски интерес од ситеМакедонија има економски интерес од сите земји, вклучувајќи ги соседите и затоа се потребни вакви иницијативи, коментираат за „Макфакс“ од Стопанската комора на Македонија. Велат дека владите и компаниите се тие што треба да го понесат товарот кон зголемување на размената на стоки и услуги меѓу земјите. „Цел регион треба да го гледаме како приоритет. Вие ако ги гледате земјите поединечно, ќе видите дека секоја е приоритетна. Ние треба да имаме мултилатерален приод кон оваа соработка и треба да гледаме што е она заедничко што може да се направи, било како проект, било како унапредување на соработката“, вели Љубица Нури од СКМ. Таа сугерира земјата да го насочи своето внимание кон заеднички енергетски и инфраструктурни проекти, но и кон зголемување на трговската размена. „На пример, во октомври доаѓа катарска делегација. Ќе оди прво во Албанија, па ќе дојде кај нас. Јас очекувам дека нашите две влади, пред да дојде катарската делегација, ќе седнат и ќе се договорат што ние заедно како Албанија и Македонија можеме да му понудиме на Катар. Катар не доаѓа за ситни работи, туку за инфраструктура и енергетика. Зошто да не понудиме заеднички проекти, на пример за Коридорот 8? Треба да се обидеме. Катар има инвестиции во Бугарија. Тие имаат интерес да ги поврзат Албанија и Македонија со Бугарија“, вели Љубица Нури од СКМ за „Макфакс“. Регионалните состаноци да не се замена за ЕУ и НАТОИако го поддржува ваквиот тип на средби, сепак екс-шефот на дипломатијата Денко Малески коментира – Македонија не смее преку регионални средби да бара алтернатива за интеграциите во ЕУ и НАТО. Брисел, според Малески, треба да биде главниот фокус на државната надворешна политика.„Немам ништо против регионална соработка, туку напротив. Но, како што велат Англичаните, првите работи прво се вршат. Значи, целата наша енергија, или поголемиот дел од енергијата на македонската внатрешна и надворешна политика, мора да биде насочена кон реализирање на овие две врвни цели. Кога ќе видиме дека тоа оди добро на главната магистрала, НАТО и ЕУ, тогаш ќе аплаудираме и на овие регионални обиди, каде што Македонија би имала една посилна позиција доколку е членка на НАТО и чекори кон ЕУ. Вака, ова повеќе се пласира во јавноста како некоја замена за главната награда за Македонија и еден вид манифестација дека, сепак, надворешната политика на Македонија е активна“, вели Малески за „Макфакс“. /крај/макфакс/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)