Свет
Самоубиствен напад во Кабул – четири лица загинаа
Најмалку четири лица загинаа, а дваесет се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, што се случи во вторник во близина на хотел за странци во авганистанската престолнина
Најмалку четири лица загинаа, а дваесет се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, што се случи во вторник во близина на хотел за странци во авганистанската престолнина.
Според западните агенции, напаѓачот го детонирал експлозивот во своето возило пред хотелот Хитал, кој често го користат странци.
Нападот е извршен во кабулскиот кварт во кој главно се сместени странски дипломати и авганистански политичари.
Во близината на местото на експлозијата се наоѓа куќата на поранешниот потпретседател Ахмад Зие Масуд, брат на убиениот антисоветски герилски водач Ахмад Шах Масуд, која во нападот е тешко оштетена.
Полицијата не ја исклучува можноста куќата на Масуд да била цел на нападот./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.
Свет
Зеленски: Разговарав со Вучиќ, благодарам Србија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија за „зајакнување на односите меѓу двете земји“.
„Се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна поддршка и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж да се постигне мир што е можно поскоро“, објави Зеленски на „Х“, поранешен Твитер.
„На почетокот на оваа недела ги прифатив акредитивните писма на новиот амбасадор на Србија. Верувам дека обновената и полноправна работа на српската амбасада на чело со амбасадорот ќе ја подобри нашата соработка“, додаде украинскиот претседател.
Србија под водство на Александар Вучиќ зазеде амбивалентен однос кон војната во Украина. Иако формално го поддржуваше територијалниот интегритет на Украина во Обединетите нации, таа не се приклучи на санкциите на Европската унија против Русија.
Владата на Вучиќ истовремено одржува блиски политички и економски врски со Москва, што наиде на критики од Западот.