Македонија
Фуле: Мирот и воздржаноста се приоритет број еден
Убиството на пет лица во близината на Скопје треба темелно да се испита и да се направи сè за да не се влоши меѓуетничкиот соживот во земјата, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Фуле во изјава за чешката новинска агенција ЧТК, пренесува Дојче Веле на македонски јазик.
Фуле им порача на македонските политичари да апелираат за мир и воздржаност.
Тоа е приоритет број еден, потенцира еврокомесарот, и подвлече оти Европската комисија засега нема никакви информации оти оваа страшна случка има некакво етничко потекло.
Во изјавата за чешката новинска агенција Фуле посочи дека Европската комисија веќе неколку недели со Македонија развива пристапен дијалог на највисоко ниво.
„Европската унија сака да постигне влезот на Македонија во ЕУ повторно да стане приоритет и да ги ‘избрише’ националистичките слогани од првите страници на медиумите“, вели Фуле.
Тој потсети дека Европската Комисија веќе неколку години препорачува Македонија да ги започне официјалните преговори за пристапување кон Унијата, но оти Европскиот совет засега не постигна консензус за ова прашање. Според еврокомесарот, на Македонија во нејзините реформи и недостасува институционалната рамка и силна европска поддршка. /крај/dw/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

