Македонија
Се уште трае блокадата на граничните премини кон Грција

Граничните премини кон Грција, Дојран, Богородица и Меџитлија повторно се блокирани за товарен и патен сообраќај поради штрајкот на грчките цариници,соопштуваат од АМСМ.
Граничните премини кон Грција, Дојран, Богородица и Меџитлија повторно се блокирани за товарен и патен сообраќај поради штрајкот на грчките цариници,соопштуваат од АМСМ.
На останатите граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани, по суви и чисти коловози на пониските места, а на места влажни коловози на повисоките и осојничави места.
Од таму на возачите им препорачуваат, внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
„Почеста е појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде препорачуваме крајно внимателно возење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. На автопатот Е-75 од Катланово до Велес, на повеќе места се изведуваат работи на пат, асфалтирање и други поправки на коловозот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. Препорака за возачите кои ќе го користат овој патен правец да бидат крајно внимателни и да ја намалат брзината на возење, бидејќи на повеќе места ги очекува движење на работници и градежни машини“ соопштуваат од АМСМ.
На патниот правец Р-418 од Струга до Дебар се изведуваат работи на пат, при што на одредени места десната коловозна лента е затворена за сообраќај. Возачите се предупредуваат да возат внимателно и да ја почитуваат новопоставената патна сигнализација како и упатствата од работниците на лице место./крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.