Свет
Петнаесет талибани убиени во Пакистан

Пакистански разузнавачи потврдиле дека во напади на американски беспилотни летала во близина на границата со Авганистан биле убиени 15 милитанти од кои седум биле платеници, пренесе Reuters
Според анонимните разузнавачки извори, нападите биле очигледно насочени против значајни водачи на талибаните, бидејќи во нападот на американската авијација биле истрелани дури десетина ракети. Нападот бил извршен во областа Амбаршаг во пакистанската провинција Северен Вазиристан, во која армијата води офанзива за ликвидирање на упориштата и камповите за обука на талибаните. Инаку, нападите на американските беспилотни летала со кои раководи CIA обично се поретки, но зачестија откако на претседателската функција стапи Барак Обама. Исто така, многу е редок случајот за повеќе вакви напади во еден ден.САД многу ретко ги потврдуваат нападите со беспилотни летала затоа што неретко во нив гинат и цивили, а пакистанската влада официјално се спротиставува, но општото уверување е дека не само што има дадено дозвола, туку и ги помага со разузнавачки информации на своите служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.
Свет
Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.