Црна хроника
Ограбена викендица во прилепско и куќа во Скопје

Викендица во прилепското село Беловодица и куќа во Скопје се ограбени изминативе неколку денови.
Во саботата, непознат сторител украл ловна пушка двоцевка, воздушна пушка и разен алат од викендица во селото Беловодица.
Крадецот насилно ја отворил влезната врата од викендицата сопственост на педесет и шестгодишен прилепчанец и направил штета од 12.000 денари.
Во четвртокот пак крадец украл околу 5.000 евра од куќа на улица „Пајак“ во Скопје. Се прекачил на балконот и со употреба на погоден алат насилно ја отворил балконската врата од куќа и украл златен накит, 250 евра и 1000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Црна хроника
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.