Македонија
The Washington Times: Место за масата за Македонија
Македонија е важен пријател и партнер на САД и НАТО, иако сеуште не е полноправна членка на Алијансата поради тоа што Грција инсистира земјата да го промени своето име, што е апсурдно барање, пишува аналитичарот Џејсон Мико во напис за „The Washington Times“, пренесува Макфакс.
Македонија е важен пријател и партнер на САД и НАТО, иако сеуште не е полноправна членка на Алијансата поради тоа што Грција инсистира земјата да го промени своето име, што е апсурдно барање, пишува аналитичарот Џејсон Мико во напис за „The Washington Times“, пренесува Макфакс. Во написот со наслов „Место на масата за Македонија“, Мико пишува дека Македонија сеуште не е дел од Алијансата, иако активно учествува во мисиите на НАТО во Авганистан како четвртти најголем контрибутор. Мико не го одминува и учеството на македонските војници во Ирак и во БиХ, како и придонесот на земјата за време на косовската бегалска криза.„Македонија има многу обврски на земја-членка на НАТО, но ниедно право. Повикана е да служи, но нема место на масата“, пишува Мико. Во натписот критика упатува до американскиот претседател, Барак Обама и до државниот секретар Хилари Клинтон, кој не се среќаваат со македонски претставници на соодветно ниво. „Македонија и понатаму е третирана како „последна мисла“. Државниот секретар Хилари Родам Клинтон се има сретнато со 124 свои колеги (или во некои случаи, шефови на држави и влади) во Вашинготон од превземањето на функцијата, вклучувајќи ги сите држави во Европа, со исклучок на четири. Македонија е една од нив. Нешто што е бизарно, г-ѓа Клинтон дури јавно разговараше за Македонија со шефот на словенечката дипломатија за време на неговата посета во јули, но својата куртоазност не ја укажа на својот македонски колега“, пишува Мико. Тој потсетува дека Обама се сретнал со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, додека Клинтон тоа го сторила во неколку наврати со повеќе грчки претставници, но не и со претставници од Македонија. „Во најмала рака, ова испраќа многу негативен сигнал до Македонија дека не е многу ценет партнер и сојузник“, пишува Мико. Авторот повикува администрацијата на Обама да обрне поголемо внимание во однос на македонско-грчкиот спор. Предлага состаноци на Обама со високи македонски претставници, со цел, отстранување на верувањето дека Грција еднострано се фаворизира. „Покана до премиерот да се сретне со претседателот би бил корисен старт“, сугерира Мико. Написот во „The Washington Times“ Мико го завршува со констатацијата дека македонските граѓани го искористиле своето право на име и идентитет преку гласањето за независна македонска држава во 1991 година, за што според него, администрацијата на Обама треба да покаже разбирање и да ги чуе македонските гледишта. /крај/twt/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

