Контакт

Општество

Адеми: Да се искористат можностите што се нудат во националните и меѓународните програми

Објавено пред

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, во понеделник на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, имаше свое обраќање на презентациите на тема „Програми на Унијата“ и „Стипендии Габриела Коневска Трајковска“ во организација на Секретаријатот за европски прашања.

dobivaj vesti na viber

 

 

Адеми се осврна на најголемите Европски рамковни програми за истражување, развој, иновации и мобилност, Хоризонт 2020 и Еразмус +.

 

„Република Македонија во последниве 3-4 години, интензивно работеше на креирање адекватни услови за целосно заокружување на  законската рамка во поглед на  научно-истражувачката и иновациската дејност, како и донесување на најзначајните стратешки документи. Покрај амандманот на Законот за научно-истражувачка дејност, со кој се предвидува 40% од школарината да се алоцираат за фундаментални и применети истражувања, модернизација на научно-истражувачката инфраструктура и нејзино одржување, обуки, тренинзи и сл., усвоен  е и Законот за иновациска дејност, истакна министерот Адеми, напоменувајќи дека кон крајот на 2013 започна со работа Фондот за иновации и технолошки развој, чија основна функција е да обезбедува поддршка за финансирање и ко-финансирање на развојни и иновативни проекти, грантови за трансфер на технологии, како и техничка и консултативна поддршка за старт ап и постоечките компании“, рече Адеми.

 

Од стратегиите тој ги издвои Националната стратегија за иновации 2012-2020 и Регионалната научно-истражувачка стратегија за иновации на Западен Балкан.

 

„Сето ова создава добра база за натамошно јакнење на севкупниот научноистражувачки потенцијал и капацитети, а со тоа и поуспешно користење на можностите кои се нудат во севкупните национални и меѓународни програми, а особено Хоризонт 2020 и Еразмус +, рече Адеми, додавајќо дека со потпишувањето на Договори за учество во овие програми, Република Македонија се стекна со статус на асоцијативна членка, што значи еднакви права и обврски како и земјите членки на ЕУ“, истакна министерот за образование и наука.

 

Министерот Адеми, пред присутните потенцираше дека Република Македонија бележи навистина добри резултати од учествата во рамковните програми за истражување и развој, почнувајќи од ФП6, каде беше лидер во Регионот со 64 проекти и 6.2 милиони евра, потоа во ФП 7 каде Република Македонија има повеќе од 120 проекти со 13-14 милиони евра.

 

„Мојата порака за сите вас е да го капитализирате ова искуство, знаење и потенцијал и максимално да одговорите на предизвиците  што пред вас ги отвораат програмите Хоризонт 2020 и Еразмус+. Ве поканувам сите вас да исчекорите и да се вклучите во програмите, да ги пронајдете  своите можности и да ги збогатите своите капацитети“, рече во своето обраќање министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет12 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија16 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија17 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија17 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија19 часа

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија21 час

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија22 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија22 часа

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ22 часа

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа23 часа

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет24 часа

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет1 ден

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ1 ден

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет1 ден

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија2 дена

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија2 дена

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија2 дена

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ2 дена

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...