Свет
„Газпром“ уште ја намалува испораката на гас за Белорусија
Руската гасна компанија „Газпром“ од вторник почна да го зголемува процентот на намелните количества гас кои ги испорачува за Белорусија за 30 отсто, најави директорот на компанијата Алексеј Милер
„Белорисија не презема ништо за го плати долгот и затоа од 10 часот утринава, по московско време, ја намалуваме испораката на гас за Белорусија за 30 отсто“, изјави првиот човек на рускито енергетски гигант „Газпром“, Алексеј Милер за руските телевизии,.Русија во понеделник ја намали испораката за 15 отсто поради неплатените долгови на Белорусија од 192 милиони долари, а долгот секој ден се зголемува.Европската унија (ЕУ) организираше итен состанок поради страв да не се повтори кризата за гас која настана меѓу Русија и Украина, во текот на јануари минатата година.Претходно во понеделник Милер изјави дека е донесена одлука да се ограничат испораките на гас за Белорусија поради акумулираните долгови од околу двесте милиони долари, при што првите рестрикции беа намалувањето на 15 отсто од дневното количество испорачан гас што постепено во зависност од развојот на сутацијата ќе се зголемува до 85 отсто.Портпаролката на белоруското министерство за енергија Људмила Зенкович вчера изјави дека министерството и белоруската компанија „Белтрансгаз“ формирале оперативен штаб за ограничувањето на испораките на гас за домашните потрошувачи. Во случај на недостиг од гас, електроенергетскиот систем на Белорусија ќе биде делумно префрлен на мазут, додала порптаролката.Белорусија од почетокот на 2010 г. не и плаќа Русија за гасот по договорената цена, која изнесува 169 долари за илјада кубни метри. Но Минск плаќа само 150 долари, поради што долгот до 1 мај годинава изнесувал 1.920.000 долари. Според „Газпром“, долгот на „Белтрансгаз“ должност до крајот на годинава може да се згоелми до пте-шест стотини милиони долари, доколку продолжи да плаќа по пониска цена од договорената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

