Свет
Пиратите заробиле бугарски танкер
Сомалиските пирати во Аденскиот залив заробиле бугарски танкер со 15 членови на екипажот, јави France Presse, повикувајќи се на извори од воено-поморската команда на Европската Унија
Танкерот „Панега“ превезувал хемикалии и повел под бугарско знаме а сите членови на екипажот биле бугарски државјани. Танкерот бил грабнат во Аденскиот залив на 185 километри источно од градот Аден, кога пловел во Црвеното Море во Индија. Според податоците од Меѓународната поморска канцеларија во 2009 г. сомалиските пирати извршиле 217 напади а грабнале 47 бродови. Од 2008 г. воено-поморската на ЕУ „Аталанта“ и во почетокот на 2009 г. со операцијата на НАТО „Ocean Shield“ се спроведува борба против пиратите, во која покрај воените бродови на САД, Шпанија, Велика Британија, Франција и Германија ангажирани се и руски воени бродови.Бугарската агенција Фокус пренесува изјава на порптаролот на Бугарската морск афлота, Атанас Панајотов, нападот се случил попладнево, а капетанот на бродот тоа го сигнализирал јавувајќи до централата дека кон нов се приблиќува бродче по што танкерот „Панега“ се обидол да влезе во бродски конвој како што се бранат межународните бродови кои пловат пред сомалискиот брег за одбрана од нападите на гусарите. Но по кусо време капетанот јавил дека на бродот се качиле петшшест вооружени мажи. Вендаш била побарана помош од американскиот воен брод кој тргнал кон траектот, но откако пиратите го принудиле да го промени курсот го принудиле и да му јави на американскиот брод да не се приближува. Во моментот бугарската страна и меѓународните поморски сили формираат преговарачки тим за преговори со пиратите кои обично бараат големи откупи.Во историјата на бугарската цивилна морнарица досега е грабнат уште еден брод, итоа во 1998 г. Бродот „Алфа БГ“ кој пловел под знаме на Белизе со 11 морнари бил одвлечен во Сомалија и особедн месец ипол подоцна по плаќање на откуп. Бугарски морнари кои повеле на други странски брдови беа грабнати и во декември 2009 и во јануари 2010 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

