Македонија
Арифи: Пристапниот дијалог не е замена за преговорите
Вицепремиерката за европски прашања, Теута Арифи смета дека пристапниот дијалог на високо ниво што ќе го започнат Македонија и Европската унија не е замена за преговорите.
Вицепремиерката за европски прашања, Теута Арифи смета дека пристапниот дијалог на високо ниво што ќе го започнат Македонија и Европската унија не е замена за преговорите.
„Јас мислам дека процесот не е замена за преговорите, но е голема можност ние да продолжиме со процесот на реформите, да се даде динамика на реформите, особено во поглавјата 23 и 24 кои мислам дека се битни и за нас и за ЕУ. Сметам дека ова е добра можност за нас, можеби не сите го споделуваат мојот ентузијазам, но мислам дека ова е чекор напред и како таков треба да го гледаме“ изјави Арифи.
Таа смета дека ова следува поради комплексноста на ситуацијата во којашто се наоѓа Македонија, три пати да добива препорака за почеток на преговорите, но поради конкретна политичка причина да не успее да ги отпочне преговорите.
Таа најави дека овој дијалог, за да му се даде тежина ќе го води премиерот Никола Груевски.
Комесарот за проширување Штефан Фуле на осмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација најави дека Македонија и Европската Унија напролет ќе започнат Пристапен дијалог на високо ниво.
Како што посочи еврокомесарот, пристапниот дијалог ќе ја засили соработката на унијата со земјата во однос на следењето на напредокот во клучните области, меѓу кои ги наведе слободата на изразување, владеењето на правото, реформата на јавната администрација, изборниот процес и борбата против корупцијата./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

