Вести
Кери: Руската помош за Асад е контрапродуктивна
Руската воена помош за владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад би можела да поттикне уште поголем број џихадистички борци во Сирија и да ги загрозат сите шанси за решавање на судирот, оцени во неделата во Берлин американскиот државен секретар Џон Кери, а истовремено во Дамаск сирискиот министер за надворешни работи повтори дека за конечна победа над Исламската држава неопходно е директно воено ангажирање на Русија.
„Германскиот министер за надворешни работи (Франк-Валтер Штајнмаер) и јас се договоривме дека постојаната помош на режимот (во Сирија) од Русија или од која и да е друга земјата, би можела да привлече уште поголем број екстремисти, да го зајакне Асад и да го попречи патот кон решавањето на судирот“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери на прес-конференцијата во германската престолнина.
Кери, покрај тоа уште еднаш оцени „дека не може да има решение без промена на власта“, што подразбира заминување на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој одбива да се повлече од должноста без да се одржат избори.
Американскиот државен секретар ја повтори доктрината на Вашингтон дека решението на војната во Сирија е пресудно за решавањето на бегалската криза во Европа, која последните месеци е заплисната од невиден миграциски бран, во кој голем дел сочинуваат „Сиријците кои бегаат од очај“.
Од друга страна, сирискиот министер за надворешни работи, Валид Муалем, изјави во Дамаск дека вмешувањето на Русија, која е децениски стратешки партнер на Сирија, во тамошниот конфликт, ќе ја промени ситуацијата во борбата против џихадистите од Исламската држава и од Ал Каеда, коишто држат и најголем дел од сириската територија која не е под контрола на Дамаск, додека вооружените сунитски опозициски групации кои ги поддржува Западот означувајќи ги како „умерени“, држат незначителни области.
„Учеството на Русија против Даеш (арапска кратенка за Исламската држава) Џебхат ан-Нусра (сирискиот огранок на Ал Каеда) е поважно од доставувањето оружје за Сирија“, изјави Муалем во разговорот за телевизијата Russia Today.
„Русија не крие дека сака да учествува во борбата против тероризмот, а Сирија има целосна доверба во рускиот државен врв“, изјави шефот на руската дипломатија и притоа повтори дека борбата против тероризмот е „приоритетот кој ќе ја отвори вратата за политичкото решение во Сирија“.Мулаем, исто така, оцени дека „вмешувањето на Русија ќе ги расипе плановите на оние кои се во заговор против Сирија (Турција и Саудиска Арабија) и ќе покаже дека САД немаат јасна стратегија против Даеш“.
Позитивно ја оцени и иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин кој повика на „формирање проширен антитерористички фронт“ кој ќе опфати и повеќе земји во регионот, па така и силите на владата на сирискиот претседател Асад, како и повикот Вашингтон потесно да соработува со Дамаск во воздушните операции против Исламската држава на сириска територија, кои во моментов се одвиваат и без резолуција на советот за безбедност на ОН и без одобрување и координација со сириската влада./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.