Свет
Исланд денеска решава за прием во ЕУ
Граѓаните на Исланд денеска решаваат за влез на државата во Европската унија (ЕУ), на предвремени парламентарни избори распишани по оставката на конз
Граѓаните на Исланд денеска решаваат за влез на државата во Европската унија (ЕУ), на предвремени парламентарни избори распишани по оставката на конзервативната влада поради финансиската криза.
Социјалдемократите, според последните анкети на Институтот Капацент-Галуп, единствени кои заговараат влез во ЕУ, би требало да освојат 31,7 проценти, а нивниот сегашен партнер, движењето Левица-Зелени 25,7 проценти.
Овие две партии оформија преодна влада на крајот од јануари кога поради народните демонстрации, конзервативците мораа да отстапат од власта.
Конзервативната Партија за независност оттогаш не закрепна, и според анкетите, ќе добие 22,5 проценти од гласовите, што е очигледен пад во однос на последните избори во мај 2007 година, кога победи со 36,6 проценти од гласовите.
Исланд, остров на Арктик со помалку од 320 илјади жители, не е член на ЕУ, а во октомври, неговиот хипертрофиран банкарски сектор беше на работ од пропаст, по повеќегодишниот пораст.
Според оценката на политиколози, граѓаните на Исланд повеќе би го прифатиле еврото како своја валута бидејќи долгорочно им гарантира финансиска стабилност во однос на исландската круна, која лани изгуби речиси 44 проценти од својата вредност.
Премиерката на преодната влада Јохана Сигурдардотир утврди на почетокот од неделата дека во случај на победа на нејзината партија, пристапот во ЕУ ќе биде приоритет, а прифаќањето на еврото се планира во рок од четири години./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено
Во текот на ноќта во Париз се урна кат од зграда на кој се одржувала забава со присуство на педесетина лица. Во инцидентот се повредени 20 лица, од кои едно потешко, јави „Ле Монд“.
Париското државно обвинителство потврди во неделата наутро за агенцијата Франс-прес (АФП) дека е покрената истрага за причините на несреќата. Според последните информации од противпожарната служба, 14 лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице е потешко повредено и пренесено во болница. Обвинителството соопшти дека е отворена истрага за околностите на повредите и дека увидот е во тек.
PARIS : 20 personnes ont été blessées, dont une grièvement, après l’effondrement d’un étage d’immeuble lors d’une soirée où étaient réunies une cinquantaine de personnes dans un appartement rue Amelot, dans le 11ᵉ arrondissement. (AFP / Actu17)pic.twitter.com/lg3SJyBQsn
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) January 18, 2026
Пожарникарите ја примиле пријавата малку по полноќ, откако кат од зградата на улицата „Амело“ во 11. париски арондисман се урнал врз станот под него. Првичните наоди укажуваат дека причината за уривањето е „структурална“, а не е поврзана со истекување гас.
Во интервенцијата учествувале околу 125 пожарникари со четириесетина возила, како и бројни екипи на итна медицинска помош. Улицата во неделата наутро повторно била отворена за сообраќај.
Свет
Мелони: Му се јавив на Трамп и му кажав што мислам
Иако Италија можеби не е меѓу земјите на кои им се закануваат новите американски царини, премиерката Џорџа Мелони изјави дека одлуката на Доналд Трамп ја смета за „грешка“.
Во изјава за новинарите за време на нејзината посета на Јужна Кореја, Мелони потврди дека својот став му го пренела лично на Трамп неколку часа претходно.
„Разговарав со Трамп и му кажав што мислам. Зголемувањето на царините против нациите што одлучија да придонесат за безбедноста на Гренланд е грешка, и не се согласувам со тоа“, рече Мелони.
Италијанската премиерка додаде дека за споменатите царини разговарала директно со Трамп.
„Мислам дека беше заинтересиран да слуша, но ми се чини дека пораката која доаѓа од оваа страна на Атлантикот не беше доволно јасна за Америка“, изјави таа, без да открие како Трамп реагирал на нејзините зборови.
Мелони посочи дека веројатно дошло до „проблем во разбирањето и комуникацијата“ меѓу Европа и САД околу одлуката на неколку европски држави да распоредат ограничен број војници на Гренланд.
Таа нагласи дека таа одлука не треба да се толкува како „антиамериканска“ и додаде дека „дијалогот мора да продолжи, а ескалацијата да се избегне“.
Свет
Данската премиерка му одговари на Трамп: Европа нема да биде уценувана
Европа нема да биде уценувана со царински закани од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави премиерката на Данска, Мете Фредериксен.
„Кралството Данска добива голема поддршка. Истовремено, сега е уште појасно дека ова прашање ги надминува нашите национални граници“, наведе таа.
„Токму затоа е уште поважно цврсто да стоиме зад темелните вредности врз кои е изградена европската заедница. Ние сакаме соработка, а не сме ние тие што бараат судир“, додаде Фредериксен.

