Свет
Опасност од злоупотреба на „бубачките“ и снимките
Последните примери за докажување поткуп и корупција покажуваат како лесно се
посегнува по новите истражни мерки.
Гордана Дувњак
Последните примери за докажување поткуп и корупција покажуваат како лесно се
посегнува по новите истражни мерки. Прислушувањето, снимањето, следењето и
другите посебни истражни мерки мора да се користат во строго определена
законска процедура и само тогаш кога е неопходно, предупредуваат експертите,
адвокатите и невладините организации што се занимаваат со заштитата на
човековите права и слободи.
Тие укажуваат дека под превезот на ефикасна борба против организираниот
криминал и корупцијата не смее да се крши законот, а уште повеќе човековите
права и слободи. Не значи дека ако сега ги имаме овие мерки на располагање, тие
треба да се користат и таму каде што не треба, додаваат тие.
Ваквите обвинувања ги отфрлаат од МВР и од Одделението за организиран криминал
при Обвинителството како неоправдани, кои негираат дека работат надвор од
законските прописи.
Скопскиот адвокат Ставре Џиков смета дека во Законот за кривична постапка точно
е определено според кои критериуми се применуваат посебните истражни мерки. Тој
е убеден дека во двата случаја за корупција, со професор Дејан Докиќ и со Гоце
Станковски од Министерството за транспорт и врски, во кои тој се јавува како
бранител, против неговите клиенти незаконски е применета мерката снимање.
„Два критериума треба да бидат испочитувани за употреба на посебните истражни
мерки: за сторено кривично дело да е предвидена казна затвор од четири години
или да станува збор за организирана група“, вели Џиков, додавајќи дека треба да
биде почитувана и цела процедура околу постапувањето. „Треба крајна
претпазливост во примената на овие мерки. Во гонењето на сторителите на
кривични дела мора да се испочитува принципот на легалитет и да не се нарушат
правата на обвинетите“, оценува Џиков.
Прашањето околу можните злоупотреби во примената на посебните истражни мерки е
тема за која покажуваат интерес и невладините организации што се занимаваат со
заштитата на човековите права и слободи.
„Чувствуваме дека постои малку пошироко и послободно толкување на примената на
посебни мерки и многу скоро ќе излеземе со едно наше видување. Низ конкретни
примери да докажеме каде малку се забегува во користењето на посебните средства“,
вели в.д. претседателот на Хелсиншки комитет, Исо Руси.
Според д-р Гордан Калајџиев, доцент по казнено процесно право на Правниот
факултет во Скопје, постои потреба од одново преиспитување на правно-државната
рамка во користењето на посебните истражни мерки.
„Ги воведовме со оправдување дека тие ќе бидат употребени во случаи поврзани со
најтешките форми на организиран криминал, каде што минималната казна е над
четири години затвор. Меѓутоа, гледаме дека во практиката тие почнаа да се
применуваат и за полесни дела на корупција“, изјави во интервју за „Утрински
весник“.
Од МВР нагласуваат дека посебните истражни мерки ги применуваат во согласност
со законите и во координација со обвинителот и со истражниот судија. „Не сметам
дека постојат злоупотреби на овие мерки, бидејќи тие секогаш се применуваат во
соработка со другите надлежни органи за да можат потоа да се користат и да
имаат доказна вредност во судска постапка“, вели Иво Котевски,
помошник-министер за информирање во Министерството за внатрешни работи.
„Не знам кому му пречи употребата на посебните истражни мерки и борбата против
организираниот криминал, која почнува да дава резултати“, категоричен е првиот
човек на Одделението за организиран криминал при Јавното обвинителство на
Македонија, Јован Илиевски. Обвинителот негира дека тие се применуваат
селективно и без претходно да се искористат класичните методи за докажување на
дела од областа на корупцијата, кои во изминатиот период не ги дале очекуваните
резултати.
Дилемата што се наметнала и во обвинителските кругови била дали посебните
истражни мерки треба да се користат за обезбедување докази, само за кривични
дела за кои е предвидена казна до четири години и за организиран криминал, туку
и за примање поткуп.
„Лично не гледам никаков проблем, затоа што кога откриваме некој случај, не
знаеме за колку лица станува збор. Порано, имавме случаи кога целата постапка
ќе ја изведевме во најдобар ред, со користење и други методи со обележување
банкноти или искази од сведоци, па потоа на суд постапка се тврдеше дека биле
наместени случаи. Судијата за да не помине со ослободителна пресуда, досудуваше
минимум казна“, додава Илевски. Тој вели дека кога станува збор за непознат
сторител, МВР бара од Обвинителството дозвола за користење посебни мерки, а за
познат сторител, крајниот збор го има истражниот судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

