Македонија
Уапсен убиецот од минатонеделното убиство во Студеничани
Полицијата го уапси триесет и тригодишниот Муамет Амети, осомничен за убиството што се случи минатата недела во скопското село Студеничани, кога беше убиено дваесет и тригодишно момче.
Полицијата го уапси триесет и тригодишниот Муамет Амети, осомничен за убиството што се случи минатата недела во скопското село Студеничани, кога беше убиено дваесет и тригодишно момче.
Минатата недела во вторникот вечерта во 23:20 часот дошло до меѓусебна расправија помеѓу две семејства за плаќање на телефонска сметка.
Убиството се случи во дворот од семејната куќа на роднина на Муамет. Сите извадиле пиштоли и ножеви и почнале да се расправаат. Во расправијата беше убиен дваесет и тригодишниот Алија Раметула. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Центар подготвен за снегот, улиците се расчистуваат од ноќеска
Општина Центар подготвено ги дочека денешните снежни врнежи, објави на ФБ, градоначалникот Горан Герасимовски.
„Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни точки”, вели Герасимовски.
Во објавата се додава дека „Општина Центар е во постојана комуникација со граѓаните од сите населби на својата територија и продолжува со координација со градските служби за навремено и ефикасно справување со сите предизвици што ги носат снежните врнежи“.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци
Активни забрани за тешки товарни возила:
– Тетово-Попова Шапка
– КриваПаланка граничен премин Деве Баир
– Гостивар-Маврово-Дебар
– Гостивар-Стража-Кичево
– Пресека
– Плетвар
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Студен бран ја зафати Македонија, денеска обилен снег и силен ветер
Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни, информира УХМР.
На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см).
Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови.
Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Минималните температури ќе се движат од -6 до 3, а максималните од -4 до 4 степени целзиусови.
Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.