Македонија
Котески во посета на Босна и Херцеговина
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески денеска и утре ќе престојува во посета на Вооружените сили на Босна и Херцеговина.
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески денеска и утре ќе престојува во посета на Вооружените сили на Босна и Херцеговина.Предвидено е Котески, на средбата со својот домаќин, Началникот на Здружениот штаб на ВС на Босна и Херцеговина, генерал-полковник Миладин Милојчиќ да разговара за искуствата на припадниците на двете армии од учеството во мировните мисии, заедничкиот настап во поддршка на регионалните иницијативи за јакнење на безбедноста, како и за подобрување на билатералната меѓуармиска соработка. Покрај разговорите во Здружениот штаб на ВС на Босна и Херцеговина, НГШ на АРМ ќе оствари средба и со заменик министерот за одбрана на Босна и Херцеговина за политика и планирање, Живко Маријанац, а ќе ги посети Оперативниот центар за командување и контрола и Центарот за обука на тимовите за пронаоѓање и отстранување на мини и импровизирани минско-експлозивни направи.Во рамките на посетата, генералот Котески ќе ги посети припадниците на АРМ кои се распоредени на извршување задачи во мисијата на ЕУ ,,АЛТЕА“ во кампот Бутмир кај Сараево. Во Бутмир, Котески ќе се сретне со заменикот на командантот на ЕУФОР бригаден генерал Золтан Гулјас, а по средбата со припадниците на медицинскиот тим на АРМ, ќе положи венец со свежо цвеќе на споменикот посветен на единаесетте трагично загинати припадници на ВИНГ на АРМ кои беа дел од мисијата ,,АЛТЕА“. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски и специјаниот пратеник Матисен разговараа за евроинтеграциите и регионалните предизвици
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен.
На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната развојна и експертска помош што Норвешка ја обезбедува во повеќе клучни области и изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Специјалниот претставник Матисен изрази задоволство од цврстото партнерство помеѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, нагласувајќи го фактот дека Република Северна Македонија е лидер во регионот од аспект на регионалната и светската безбедност. Тој ја истакна и силната поддршка што земјата ја дава за Украина како доказ за нејзината посветеност.
Во фокусот на разговорите беа и актуелни теми од регионот и пошироко. Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и соработката.
Македонија
СДСМ: Креиран е лажен профил на Венко Филипче на „Фејсбук“, граѓаните да не наседнуваат
Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче. Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки, велат од СДСМ.
„Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале“, посочуваат од партијата и додаваат:
„Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче. Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“.
Македонија
(Видео) Мицкоски: За делницата Градско – Дреново ги поздравуваме работниците, тие го направија ова да изгледа импозантно
„Експресен пат за Прилеп, делница Градско-Дреново. Инвестиција вредна 37.500.000 евра. Три клучки, четири вијадукти, четири надвозници, три подвозници. Ги поздравуваме и им се заблагодаруваме на работниците затоа што тие го направија ова да изгледа импозантно. Заедно да продолжиме да ја градиме Македонија!“ напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Експресниот пат Градско – Дреново во должина од 15,5 километри вчера беше пуштен во употреба.
Делницата почнува кај клучката Градско, а завршува кај клучката Дреново. Проектот е проценет на вкупна вредност од 37 милиони евра, од кои над 70 отсто се финансирани од фондовите на Европската Унија.