Македонија
СРД нема веќе да се доусовршува со пари на граѓаните
Членовите на Советот за радиодифузија (СРД) нема веќе да се доусовршуваат, дообразуваат и специјализираат со парите на граѓаните и радиодифузерите.
На денешната седница членовите на СРД го укинаа правилникот за стручно усовршување, дообразување и специјализација на членовите на СРД, по препорака на Државниот завод за ревизија.
Повеќето членови на Советот беа за укинување на овој правилник, но дел беа на ставот дека на членовите на СРД им треба постојано усовршување.
„Укинувањето на овој правилник ќе биде добар потег на Советот. Тоа ќе биде добар пример за останатите регулаторни тела, за останатите тела кои одлучуваат како Собранието, Владата, Министерствата, агенциите“ изјави Лазо Петрушевски, член на СРД.
„Неморално и неетички е ние самите да гласаме овде и меѓу себе да си доделуваме средства за стручно усовршување“, вели Зоран Трајчевски, член на СРД.
„Сметам дека сите доаѓаме тука како образовани кадри и сметам дека нема потреба ние како членови на Советот да се дообразувавме, односно да користиме средства од граѓаните, од радиодифузерите, кои уредно плаќаат“ изјави Борче Арсов, член на СРД.
Професорот Томе Груевски смета дека овој правилник треба да остане, но врз него да се направат одредени модификации.
„Овој правилник го чувствувам како свој. Јас доаѓам од факултет и ние го предложивме овој правилник, не за членовите на Советот, туку за сите вработени во Советот. Јас мислам дека нема институција кај што нема такви правилници за стручно усовршување, за помагање на одредени колеги кои сакаат да се доусовршуваат. Од таму сум на став да остане таков правилник не само кај нас, туку во сите институции“, рече Томе Груевски, член на СРД.
Не е точно дека ние немаме потреба од било какво доусовршување. СРД тоа треба да им овозможи на вработените и членовите на СРД“ смета претседателот на СРД, Зоран Стефановски.
Советот расправаше и по нацрт – извештајот од Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Советот за радиодифузија и на менаџерскиот извештај на Државниот завод за ревизија за 2010 година.
Според претседателот Стефановски, стручните служби го разгледале извештајот и смета дека не се констатирани големи грешки во работата на СРД.
„На сите останати забелешки, СРД ќе одговори со тоа што ќе ги испочитува во најкраток можен рок забелешките препораките кои ги дава оваа институција. Забелешките беа поделени во неколку групи од правен аспект, од аспект на финансиско-економско работење, проектите од јавен интерес“ рече Стефаноски.
Ова беше последна седница со која претседаваше Стефаноски. На 18 април, по големиот христијански празник, Велигден истекува неговиот шестгодишен мандат.
За изборот на новиот претседател е потребно мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, што значи од вкупно 15, за избор се потребни најмалку осум гласови. Заедно со актуелниот претседател Стефановски, мандатот им истекува на уште двајца членови на Советот, Али Алиу и Томе Груевски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл
„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и многу важна победа. Онер Јакупоски е новиот градоначалник! Победа повеќе од двојна со над 1000 гласови разлика. Честитки за Онер, за сите симпатизери и за сите граѓани на Маврово-Ростуше. Оваа победа не е само локален резултат. Таа е јасна политичка порака. Порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност. Порака дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати“, истакна Мицкоски.
Оваа победа, вели тој, е „резултат на концептот што доследно го градиме: скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.
„Во другите општини, изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Но целокупната политичка слика е повеќе од јасна. Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата. СДСМ во 6. Тоа не е случајност. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија. По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, „проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки“.
„Проблемот е многу подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните. Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади. СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од политика на навреди и ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови. Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политичка конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди. Од другата страна е концептот што победува. Концептот на ред, стабилност и одговорност. Концептот на проекти, мерки и резултати. Концептот на држава што стои исправено и работи за своите граѓани, а не за тесните клановски интереси. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакл и тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави, а не борба на концепти и интересите за своите граѓани“, вели Мицкоски.
Македонија
МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

