Вести
CBC: Силите на коалицијата вмешани во смртта на 600 цивили во Ирак и Сирија

Речиси „50 веродостојни извештаи“ укажуваат на можни околу 600 цивилни жртви во воздушните напади што ги презема повеќе од една година коалицијата од повеќе од 60 земји предводена во САД против Исламската држава во Сирија и во Ирак, објави во петокот канадската телевизиска мрежа CBC.
Телевизијата во прилогот наведува дека поседува 48 „веродостојни извештаи“, кои укажуваат на смртни случаи за време на нападите на воздушните сили на коалицијата. „Притоа можно е дека загинале околу 600 луѓе и тие податоците заслужуваат натамошна истрага“, се наведува во прилогот на CBC. Се истакнува, исто така, дека според официјалните изјави од американската команда, во бомбардирањата на коалицијата загинале само двајца цивили.„Американската централна командата внимателно ги истражува сите информации за жртви меѓу цивилното население и ги третира најсериозно“, изјавил за CBC, претставникот на командата Кајл Рејнс.„Исто така, важно е да се истакне дека во сегашната ситуација во Ирак и во Сирија ги прави крајно сложени и тешки истрагите по таквите тврдења, бидејќи, по правило, нема можноста за испрашување на сведоците“, додал Рејнс.Телевизијата претстави интерактивна мапа на која се прикажани на мапите на Сирија и Ирак сите можни точки каде во бомбардирањата на коалицијата наводно можеле да загинат невини луѓе. Според тие податоци, во градот Албаб во сириската покраина Алепо на 27-ми декември 2014 година се претпоставува дека загинале меѓу 51 и 61 цивили, а во бомбардирањето во градот ал-Хавија во ирачката покраина Куркук на 2-ри јуни 2015 година загинале 70 цивили.Претходно телевизијата CBC објави дека има информации дека во акциите на воздушните сили на Канада и Австралија за време на заедничко бомбардирање на „наводна фабрика за оружје“ во ирачкиот град Фалуџа на 21-ви декември 2014 година имало две цивилни жртви.„Не располагам со никакви нови податоци за евентуална вмешаност на нашата авијација во смртни случаи на цивили“, изјави за телевизијата бригадниот генерал Лиз Буржон, којашто ја предводи канадската воздухопловна единица која дејствува во Сирија и во Ирак.Претходно канадската армија беше обвинета за смртта на цивили во градот Кисик во Северен Ирак, кој коалицијата го бомбардирала на 21-ви јануари годинава. Таа информација, според портпаролот на министерството за одбрана на Канада, не е потврдена./крај/мф/сн
Извор: CBC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.