Свет
ЕУ – Консултации за првиот претседател
Шведскиот премиер Фредрик Рејнфелд, ротационен претседател на Европската унија, соопшти дека започнал консултации за назначување на првиот претседател на ЕУ и на министерот за надворешни работи. „Започнувам со консултациите” за изнаоѓање на личностите
Шведскиот премиер Фредрик Рејнфелд, ротационен претседател на Европската унија, соопшти дека започнал консултации за назначување на првиот претседател на ЕУ и на министерот за надворешни работи„Започнувам со консултациите” за изнаоѓање на личностите, кои ќе ги преземат функциите на претседател и на висок претставник на ЕУ; изјави Рејнфелд во соопштение, објавено откако чешкиот претседател Вацлав Клаус го потпиша Лисабонскиот договорШведскиoт премиер најави организирање вонредна средба на врвот шефовите на држави и влади на 27-те членки на ЕУ, на која треба да бидат определени двете личности, кои ќе бидат лицето и гласот на ЕвропаСпоред западните медиуми белгискиот премиер Херман ван Ромпуј има големи шанси да стане првиот претседател на ЕУ. За него има консензус за разлика од други евентуални претенденти. „Има консензус за неговото име, што е реткост за 27-те. За никој друг нема едногласност“ рече за АФП еден дипломат. Белгиските медиуми наведуваат дека двајцата негови колеги од Бенелукс, премиерот на Холандија Јан Петер Балкененде и на Луксембург Жан-Клод Јункер, не се радуваат на едногласноста./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во поплавите во Бразил загинаа осум лица, а 21 се исчезнати
Осум лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови во државата Рио Гранде до Сул во јужен Бразил.
Над 1.400 жители се раселени поради невремето што доведе до пораст на нивото на водата и поплави во 104 општини, пренесува Ројтерс.
Гувернерот Едуардо Леите изјави дека државата работи на пронаоѓање на исчезнати лица и за обезбедување на безбедноста на оние во загрозените области.
Свет
Лидерот на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали
Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.
Неутрализацијата на терористичкиот функционер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.
Во соопштението се потсетува дека лидер на ИСИС учествувал во нападот на Нигер во 2017 година, што резултираше со убиство на четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач.
Свет
Евакуирани туристи во Кенија поради поплави, 170 загинати од март
Туристи беа евакуирани од десетици хотели, апартмани и кампови откако пукнаа браните во Националниот резерват Масаи Мара поради поплавите во кои загинаа повеќе од 170 луѓе низ Кенија од почетокот на сезоната на дождови во средината на март.
Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасил 61 лице од резерватот, кој е популарна туристичка дестинација за годишната миграција на диви пчели од Серенгети во Танзанија, пренесува Асошиетед прес.
Метеоролошкиот оддел на Кенија предупреди дека ќе очекуваат нови дождови оваа недела, откако во понеделникот пукна брана во градот Маи Махи во округот Накуру, при што загинаа 48 луѓе, а над 80 се водат како исчезнати.