Македонија
Арифи: Пресудата во Хаг – поттик за Македонија и Грција да работат на решение

Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг треба да послужи како мотив и поттик за Македонија и Грција да работат на взаемно прифатливо решение за спорот со името, смета вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи.
Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг треба да послужи како мотив и поттик за Македонија и Грција да работат на взаемно прифатливо решение за спорот со името, смета вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи.
Арифи, реферирајќи на денешната заедничка седница на Националниот Совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за надворешна политика, смета дека 2011 била успешна во однос на нејзината дипломатска активност и реализацијата на обврските. Изрази задоволство од пресудата на хашкиот суд, но посочи дека дијалогот меѓу соседите е начинот што може да доведе до решение.
„Ние треба да бидеме задоволни од пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но во исто време треба да го имаме в предвид фактот дека се работи за политичко прашање коешто доста чувствително, во коешто се бара желба и политичка волја којашто би била обострана за да се надмине овој проблем. Затоа, задоволни од одлуката на хашкиот суд, оваа одлука треба да биде мотив или пак да биде поттик за двете страни да се движат кон едно заедничко решение. Сметам дека дијалогот меѓу соседите е тоа што треба да води право кон договор и спогодба, а не кон недоразбирање“, рече Арифи.
За опозицијата, по правната победа во Хаг, Македонија неколку дена подоцна доживеала политички пораз во Брисел, откако земјата не се најде на дневен ред на Европскиот Совет. Покрај спорот со името, според нив, причина за стоење во место е и застојот во реформите на домашен план.
„Во период од само неколку дена имавме победа на меѓународното право и времената спогодба и дипломатски пораз наш бидејќи не успеавме дури ни да се отвори дискусијата за Република Македонија на состанокот на премиерите. Практично не се ни квалификувавме за состанокот, а камоли за почеток на преговори. Тоа покажува дека Македонија веќе завршува 12-то претседателство со кандидатски статус без почеток на преговори. Тоа стоење во место не чини и пари и проблеми“, рече Радмила Шекеринска – Јанковска, претседател на НСЕИ.
„Брисел и Европската Унија се помалку не есапи како сериозен кандидат за влез во Европската Унија. Вие госпоѓо вицепремиер бевте во Брисел чинам два или три пати. Се надевам дека тоа не беше роуд-шоу како што правеше премиерот, туку навистина сфативте во каква ситуација е Република Македонија во последните неколку години, особено последната година“, рече пратеникот Гордан Георгиев.
Неосновани обвинувања – беше оценката на пратениците од власта на обвинувањата од опозицијата. Сметаат дека главна пречка за интеграцијата на Македонија е блокадата од Грција. Побараа активен ангажман и лобирање, особено во контекст на пресудата на хашкиот суд, со цел следната година земјата да добие датум за старт на пристапните преговори со унијата и членство во алијансата.
„Процесот не треба да се остави да тече само меѓу преговарачите, туку и ние треба да бидеме активни чинители, бидејќи ова прашање ја обременува целата земја, сите граѓани на Република Македонија и прави застој во нашите европски и евроатлански интеграции. Би сакала да упатам апел со сите собраниски тела максимално да се ангажираме за самитот во Чикаго, да можеме да лобираме Република Македонија да стане дел од НАТО-алијансата“, рече Силвана Бонева, потпретседател на НСЕИ.
„Сметам дека Европската Унија треба да биде информирана во секоја можна прилика дека највисоките официјални лица од официјална Атина јавно ја искажаа својата неспремност да ги продолжат или да вложат свој личен и политички капитал во преговорите за резрешување на спорот којшто Грција го има со уставното име на Република Македонија. Од таа гледна точка, уште поголема е причината да се лобира, да се дејствува и да се бара она што Македонија го има заслужено, а тоа е да добие одлука за почеток на преговорите за членство“, рече пратеникот Антонио Милошоски.
На заедничката седница на НСЕИ и КЕП беа разгледани иформациите за усвојувањето на правото на Европската Унија за девете месеци од годината. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани

Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„За неколку години, оваа фирма доби над 200 милиони евра во тендери, а дел од тие пари потребно е да се истражат дали завршиле во фирмите на Заев и Филипче во Бугарија. Поради сиве овие местенки и испумпувања на буџетот, како и заштита од поединци од судството на Заев и Филипче, сопственикот на Марковски компани доби куќен, наместо затворски притвор.
Една од историско најголемите зделки во РЕК и ЕСМ, ја добила токму Марковски компани, од неверојатни 46 милиони евра.
Иако, на овој тендер се пријавиле и други фирми со 30% пониска цена, Заев и Филипче овој тендер му го доделиле на Марковски компани.“, се вели со партиското соопштение.
Прашањето кое остана неодговорено е каде завршиле овие дополнителни 30% средства, односно во бројка околу 14 милиони евра? Дали овие 14 милиони евра завршиле на сметка на фирми на Заев и Филипче во Бугарија? Зошто Заев и Филипче молчат?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„На ваков начин СДС работеше долги година на власт. Тендери си делеа неколку луѓе од врвот, како Заев и Филипче, а потоа си ги делеа и си инвестираа во фирми. Од друга страна, беа заштитени од страна на судството и обвинителството, кое тие го држат под контрола. Затоа, ги повикуваме граѓаните, да го поддржат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор. Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, завршуваат од владејачката партија.
Македонија
Последна седмица од кампањата за локалните избори 2025

На една седмица од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Чучер-Сандево, Свети Николе и Штип, додека СДСМ има најавено активности во Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и во Струмица.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обрати на прес-конференција што ќе се одржи во 10:30 часот во неговиот Штаб наспроти „Тренд“ во центарот на Скопје.
Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата ќе даде изјава за медиумите во Градски парк кај Кермез во 11:30 часот.
Со почеток во 12:00 часот, кандидатот на Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе одржи прес – конференција во неговиот изборен штаб на плоштад Скендербег.
Прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје денеска напладне ќе одржи потпретседателот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на која ќе се обратат и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, и кандидатот за градоначалник на Јегуновце, Насир Абази.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 16 до 22 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.