Македонија
Конференција „Синдикатот во процесот на евроинтеграција на Република Македонија“

„Синдикатот во процесот на евроинтеграција на Република Македонија“ е наслов на конференцијата што денеска ќе се одржи во Сојузот на синдикати на Македонија, на која ќе учествуваат претставници на институции од земјата и странство.
„Синдикатот во процесот на евроинтеграција на Република Македонија“ е наслов на конференцијата што денеска ќе се одржи во Сојузот на синдикати на Македонија, на која ќе учествуваат претставници на институции од земјата и странство.
Предвидено е претседателот на ССМ Живко Митревски да зборува на тема “Синдикатот и процесот на евроинтеграција на Република Македонија“, додека со поздравен говор ќе се обрати министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
“Предизвици и перспективи за европската интеграција на РМ“ е тема на која ќе предава Нафи Сарачини од Делегацијата на ЕУ. Јован Андоновски, државен секретар за ЕУ интеграции, ќе настапи со темата “Влијанија на надворешната политика во интеграциите на РМ во ЕУ“.
“Парламентарниот дијалог и придонесот кон процесот на евроинтеграција на РМ“ е насловот на предавањето на Кенан Хасипи, копретседавач на “Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – РМ“.
“Напредокот на РМ за интеграција во ЕУ“ е наслов на темата на Радмила Шеќеринска, претседател на Националниот совет за ЕУ интеграција. Стојан Трајанов, претставник на Министерството за труд и социјална политика“ ќе зборува на тема “Хармонизација на македонското трудово законодавство со европското трудово законодавство“.
Се очекува присуство на претставници на Директоратот за ЕУ, на Меѓународната организација на трудот, Правниот факултет “Јустинијан Први“, Организацијата на работодавачи, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на автономни и независни синдикати. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.