Свет
Оловото, цинкот, кадмиумот и среброто беа законски изнесени од фирмата
Во велешкиот суд вчера започна главниот претрес во кој стечајниот управник на МХК,, Злетово,, е обвинет за недозволено изнесување на поголеми количини на олово, цинк, кадмиум и сребро, од производството на МХК ,, Злетово,, АД во стечај во последните два ипол месеци од 2003 и првите три месеци од 2004 година.
СТЕЧАЈНИОТ УПРАВНИК НА МХК "ЗЛЕТОВО" ВЛАДИСЛАВ ТАМБУРКОВСКИ ТВРДИ:
Во велешкиот суд вчера започна главниот претрес во кој стечајниот управник на МХК,, Злетово,, е обвинет за недозволено изнесување на поголеми количини на олово, цинк, кадмиум и сребро, од производството на МХК ,, Злетово,, АД во стечај во последните два ипол месеци од 2003 и првите три месеци од 2004 година.
"За се што е изнесено од Топилницата за олово и цинк во Велес и фабриката за производство на вештачки Ѓубрива во Згрополци, полу или готови производи, има одлуки на Одборот на доверители, Стечајниот судски совет и стечајниот судија"- рече пред судијата Валентин Зафиров во својата одбрана стечајниот управник Владислав Тамбурковски. Тој потврди дека, додека се во стечај во Топилницата и фабриката за вештачки ѓубрива се реализира производство како и дека бил запознат со издадената времена мерка на велешкиот суд, по барање од ИНВЕСТАС ДОО Скопје, со која било забрането изнесување на производи.
"Согласно Законот за стечај во законски утврдениот рок ИНВЕСТАС не пријави побарување од стечајната маса"- се бранеше вчера пред судот Тамбурковски. Според ваквиот негов исказ сопственик на суровините или производите кои излегувале од МХК не може да биде ИНВЕСТАС туку фирмата во која Тамбурковски е стечаен управник.
Сосема спротивен исказ пред судот вчера даде адвокатот Славчо Секулов, овластен претставник на скопската фирма, која претходно стопанисуваше со велешкиот МХК. Секулов тврдеше дека се што е работено во велешката Топилница и фабриката за вештачки ѓубрива е незаконито, поточно дека не е почитувана судска одлука издадена од велешкиот суд. Со распит на овластен претставник на МХК,,Злетово,, АД во стечај и презентирање на наодите од вештачењето на Бирото за судски вештачења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

