Македонија
Пуштен во употреба првиот ангиограф
Првиот од петте ангиографски апарати кои ги набави Министерството за здравство, како дел од проектот за набавка на нова медицинска опрема. денеска беше пуштен во функција на Клиниката за кардиологија.
„Пуштен е во употреба би рекол најклучниот апарат на клиниката за кардиологија“, рече денеска премиерот Никола Груевски и додаде дека еден од овие апарати ќе оди во охридската клиника, еден во Тетово а останатите два на скопската Клиника за кардиологија.
Премиерот Груевски информираше дека во клиниките досега се распределени над 20 рентген апарати, 29 лабораториски анализатори и 27 ехо апарати кои веќе се пуштени во употреба.
Груевски додаде дека набавката која владата ја прави изнесува околу 68 милиони евра, а со преостанатите отворени јавни набавки кои се во тек , инвестицијата во медицинска опрема ќе достигне цифра помеѓу 90 и 100 милиони евра.
Министерот за здравство Бујар Османи рече дека вредноста на овој ангиографски систем е околу милион евра, што како што рече тој, е можеби месечен буџет на една универзитетска клиника.
„Ова само ја потврдува нашата решеност да ги подобриме состојбите после дводецениско запоставување на системот. Апаратот не само што ќе овозможи поголем број на услуги туку и зголемен квалитет на услуги. Ваков апарат нема ни во приватниот сектор.“, рече Османи.
Според него набавувањето на овој апарат ќе значи и стимулација на лекарите да останат во јавното здравство бидејќи имаат механизми да се надградуваат.
„Со ова ги демантираме сите апокалиптички сценарија кои најавуваат некаков колапс на здравството ,и всушност со ова, здравството добива нова свежина.
Како што кажа министерот Османи , до 20 декември се очекува да пристигнат преостанатите апарати./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

