Македонија
ОМ ги повика членовите на судска непослушност

Навреда на македонскиот народ и судската професија. Вака партијата Обединети за Македонија, (ОМ) ја оценија вчерашната пресуда со којашто нивниот лидер, Љубе Бошкоски беше осуден на седум години затвор.
Навреда на македонскиот народ и судската професија. Вака партијата Обединети за Македонија, (ОМ) ја оценија вчерашната пресуда со којашто нивниот лидер, Љубе Бошкоски беше осуден на седум години затвор.
По вчерашната пресуда партијата ги повика членовите на Обединети за Македонија на судска непослушност.
„Ова партиско реформирано судство покажа дека е пандан на шпанската инквизиција, извршител на наредби, поклонувач на болни идеи, кои извршители за завршената задача очекуваат награда или повисока функција. Г-ѓо Радица Василевска нема каде да бегате од одговорноста што ја носите, кога тогаш ќе одговарате за ова злодело“ изјави Наталија Ивчева, член на претседателството на ОМ.
Таа порача дека ќе одговараат сите инволвирани во политички монтирани судски процеси.
„Сите од прв до последен инволвирани во политички монтирани процеси кривично ќе одговараат, и тоа сите вршители на јавна функција во судската, извршната и законодавната власт, кои својата функција не ја извршувале професионално, туку ја злоупотребиле службената должност и извршувале наредби“ рече Ивчева.
Лидерот на ОМ вчера беше осуден на единствена затворска казна во траење од седум години за злоупотреба на службената положба и нелегално финансирање на изборната кампања./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.