Свет
Протести во Токио поради спорот со Кина
Повеќе од 3.000 Јапонци денеска протестираa во Токио поради политиката која ја води Пекинг за спорните острови во Источно Кинеско море, за кои двете држави тврдат дека им припаѓаат, пренесува Бета.
Протестот минал мирно, а демонстрантите носеле јапонски знамиња и транспаренти на кои пишувало „Осудете ја кинеската војна хегемонија во Азија“ и „Сенкаки островите се јапонска територија“.
Спорот околу суверенитетот на островот повторно ескалираше во септември годинава, кога јапонски патролен брод застана еден кинески рибарски брод. Овој инцидент беше повод за организирање антијапонски демонстрации во неколку кинески градови.
Денешните демонстрации во Токио се организирани бидејќи во Јапонија е покрената истрага како снимката за застанувањето на кинескиот брод стигнала на веб страната на Јутјуб, по што е објавена на повеќе јапонски телевизиски станици./крај/бета/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

