Економија
Најтргувани акциите на ТТК Банка и Алајанс Уан Македонија

На Македонската берза за хартии од вредност денеска беше остварен промет во вредност од 15,218,722,80 денари преку 133 трансакции.
На Македонската берза за хартии од вредност денеска беше остварен промет во вредност од 15,218,722,80 денари преку 133 трансакции. Од овој промет поголемиот дел од вредноста се оствари на Официјалниот пазар за хартии од вредност од 11,192,465,80 денари преку 102 трансакции, додека тргување во износ од 4,026,257,00 денари беше остварено на Официјалниот пазар преку 31 трансакции. Индексот МБИ10 падна за 1,94% и изнесуваше 2,197,71 поени, МБИД забележа пад на вредноста од 0,46% и изнесуваше 2,506,05 поени, додека ОМБ исто така падна за 0,24% и оствари вредност од 109,10 поени.Најголемо учество во прометот на официјалниот пазар имаше акцијата на ТТК Банка Скопје која се тргуваше по просечна цена од 600,00 денари и од преку девет трансакции беше остварен промет во износ од 2,898,000,00 денари, и при тоа со нив се истргуваа 4,830 акции.
Втора хартија од вредност по реализираниот промет беше акцијата на Топлификација Скопје со која беа остварени 1,518,758,00 денари промет а при тоа се тргуваа по просечна цена од 3,397,67 денари, додека со нив се истргуваа 447 количина.
Трета по промет на овој пазар беше акцијата на Реплек банка Скопје со остварени 1,314,000,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 36,500,00 денари, и при тоа со оваа хартија се истргуваа 36 количина на акции.
На редовниот пазар најтргувана хартија од вредност според класичниот промет беше акцијата на Алајанс Уан Македонија Кавадарци со кои се истргуваа 2,098,382,00 денари на промет кои се тргуваа по цена од 3,146,00 денари по акција, додека вкупно се истргуваа 667 количина.
Втора по својот промет на Редовниот пазар беше и акцијата на Македонски Телеком Скопје со кои се оствари промет во вредност од 846,225,00 денари и при тоа со нив се истргуваа 2,141 количина по просечна цена од 395,25 денари од акција.Пет најтргувани хартии од вредност1. ТТК Банка Скопје2 Алајанс Уан Македонија Кавадарци3. Топлификација Скопје4. Реплек Скопје5. Комерцијална банка СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Алајанс Уан Македонија Кавадарци 908,33%2. РЖ Економика Скопје 2,86%3. Р. Македонија обврзници од денационализација 05 1,18%4. Гранит Скопје 0,41%5. Фершпед Скопје 0,36%Хартии од вредност со најголем пад1. Топлификација Скопје 5,00%2. Макстил Скопје 3,97%3. Тетекс Тетово 2,93%4 Алкалоид Скопје 2,65%5. Стопанска банка Битола 2,61%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Божиновска во посета на Бирото за метрологија: Точните и доверливи мерења се основа за економскиот развој и заштитата на потрошувачите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска го посети Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството, со цел да се запознае со тековните активности и предизвици на оваа институција. За време на посетата, министерката Божиновска се сретна со директорот на Бирото, Седат Рушани, и вработените во лабораториите.
Една од главните теми на разговор беше одржувањето и развојот на националните еталони и сертифицираните референтни материјали, кои се од суштинско значење за обезбедување на мерната точност во различни индустрии и научни истражувања.
Министерката истакна дека Министерството ќе продолжи да ја поддржува модернизацијата на лабораториите и опремата на Бирото, со цел да се обезбеди усогласеност со меѓународните стандарди и конкурентност на македонските производи на глобалниот пазар.
Ова Биро е задолжено за испитување на квалитетот на горивото, златото, верификација на мерила водомери, мерила на електрична и топлотна енергија, хомологација на возила и друго.
Беше дискутирано за важноста на инспекцискиот надзор над употребата на законските мерни единици и калибрацијата на мерилата, како и за потребата од континуирана едукација и обука на кадарот во Бирото. Министерката Божиновска нагласи дека точните и доверливи мерења се основа за економскиот развој и заштитата на потрошувачите, и дека Министерството ќе вложи напори за зајакнување на капацитетите на Бирото за метрологија.
Во текот на разговорите, министерката побара детален извештај за досегашните активности на Бирото, вклучувајќи ги и предизвиците со кои се соочува институцијата. Таа истакна дека е неопходно да се идентификуваат и адресираат сите потенцијални неправилности или пречки кои можат да влијаат на ефикасноста на работата на Бирото.
Министерката Божиновска ја потенцираше важноста на транспарентноста и отчетноста во работата на сите институции под надлежност на Министерството. Таа изрази очекување дека Бирото за метрологија ќе продолжи со својата посветеност кон одржување на високите стандарди во своето работење и ќе преземе соодветни мерки за надминување на сите идентификувани предизвици.
Економија
Се намалува цената на мазутот, бензините и дизелот остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 % во однос на одлуката од 17.02.2025 година.
Од 21.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,190 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,019 ден/кг и сега ќе изнесува 46,190 ден/кг
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,898%, кај дизелот за 0,788%, кај екстра лесното масло е за 0,720% и кај мазутот намалувањето е за 2,060%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7247%.
Економија
Повисока за 521 денар: минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 63.773 денари

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е 521 денари повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денара, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.
Со изнајмен стан од 60 квадратни метри таа изнесува 79.148 денари, е истакнато во соопштението.
Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и за греење 6.096 денари или 9,6 отсто. За лична хигиена и за одржување на хигиената во домот треба да се одвојат 2.195 денари или 3,4 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.844 денари или 7,6 отсто.
За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари или 5,4 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.592 денара или 7,2 отсто, за образование 7.036 денари или 11 отсто, за ресторани и хотели 4.131 денар или 6,5 отсто, а за други стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.