Свет
Аргентина поднесе тужба против Британија
Аргентина во Обединетите нации поднесе тужба поради британската милитаризација во јужен Атлантик, а генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ги повика двете земји да ја спречат ескалацијата на спорот околу Фолкландските острови.
Аргентина во Обединетите нации поднесе тужба поради британската милитаризација во јужен Атлантик, а генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ги повика двете земји да ја спречат ескалацијата на спорот околу Фолкландските острови. „Поседуваме информации дека Британците по најновите случувања испратиле во јужен Атлантик нуклеарна подморница којашто може да носи нуклеарно оружје“, изјави за новинарите аргентинскиот министер за надворешни работи, Хектор Тимерман, пренесува AFP.Тимерман ја обвинил Велика Британија дека со ова „четирикратно ја зголемила својата поморска воена сила во јужен Атлантик“ и станала најголема воена сила во регионот. Прекомандувањето на шест седмици на принцот Вилијам на Фолкландите и испраќањето на супермодерниот разурнувач „HMS Dauntless““ кој треба да замени патролен брод во споменатиот регион, Лондон го претстави како рутински операции. Меѓутоа, како што пишуваше британскиот печат, во водите кај Фолкландите, наскоро Велика Британија може да испрати и нуклеарна подморница. Поткрепувајќи го своето тврдење, шефот на аргентинската дипломатија Тимерман на новинарите им презентирал фотографии од воена опрема на Фолкландите и на другите британски воени бази во тој регион, како и различни воени системи.„Јужен Атлантик е последниот бастион на империјата што пропаѓа“, рекол Тимерман.Тој во Њујорк имал средба со генералниот секретар на ОН, Бам Ки-Мун, а пото и со претседателите на Советот за безбедност, Кодџо Менан и на Генералното собрание, Абдулазис ал-Насер.Ки-Мун по овие разговори побарал од Аргентина и Велика Британија да ја спречат ескалацијата на овој спор“ и ги понудил „своите услуги во решавањето на спорот дококу двете земји тоа го побараат“.Одговарајќи на аргентинските обвиненија, британскиот амбасадор во ОН, Марк Лиол Грант изјавил дека тие „немаат никаква смисла“. „Ништо не се промени во британскиот воен систем кој е исклучиво одбранбен“, нагласил Грант. Фолкландските острови, или Малдивите како што се нарекуваат на шпански јазик, се наоѓаат на крајниот југ од Аргентина, се под управа на Велика Британија од 1833 година, кога со воена сила од таму беа истерани аргентинските власти. Сега таму се стационирани околу илјада британски војници.Око овој архипелаг се води вербална војна во пресрет на 30-годишнината од британско-аргентинската војна поради суверенитетот над островите, кој се случи од 2-ри април до 14-ти јуни 1982 година. /крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран: Не планираме да го затвориме Хормушкиот Теснец
Иран засега не планира да го затвори Хормушкиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.
„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.
По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.
Преку Хормушкиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“
Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.
Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува „Киев Индипендент“.
Europe must finally equip itself with real strength, real ability to defend its skies, its land, and its sea against any type of attack. In particular, this means building sufficient air defense production capacity — both against drones and against ballistic missiles.
The… pic.twitter.com/R3EBHTyz7N
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 1, 2026
Коментарите на украинскиот претседател уследија ден откако САД и Израел извршија напади врз Иран, во кои беа убиени врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и неколку други високи функционери. Иран возврати со лансирање ракети и дронови врз Израел и врз американски воени цели во Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Бахреин, Кувајт и Катар.
Зеленски веднаш по почетокот на нападите ги поддржа нападите и соборувањето на иранското раководство, потсетувајќи дека Русија, стратешки партнер на Иран, од 2022 година во нападите врз Украина употребила повеќе од 57.000 дронови од типот „Шахед“. Искуството што Украина го стекнала во одбраната од оружје од иранско производство, според него, сега може да им послужи на сојузниците.
„Ситуацијата на Блискиот Исток покажува колку е тешко да се обезбеди стопроцентна заштита од ракети и шахеди… Сите сега гледаат дека нашето искуство во одбраната е во голема мера незаменливо“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „внимателно го следи“ развојот на настаните и се координира со сојузниците.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп: Разочаран сум од Стармер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“.
Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за нивна употреба во одбранбени напади врз ирански цели.
Трамп оценил дека на Стармер му требало предолго да се предомисли и додал дека ваква ситуација веројатно никогаш досега не се случила меѓу двете земји.
Стармер изјавил дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран и дека нема да им се придружи, но посочил дека поради, како што рекол, „иранската стратегија на спалена земја“, Лондон ја поддржува колективната самоодбрана на своите сојузници и своите граѓани во регионот.
Фото: ЕПА

