Македонија
МЗ: Од огласот не е исклучен скопскиот универзитет, како што тврдат од СДСМ
Никаде во огласите на Министерството за здравство не е споменат Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, туку е побарано кандидатите да се дипломци од највисоко рангираниот универзитет во Македонија, се наведува во одговорот на министерството на пратеникот од опозицискиот СДСМ, Менде Диневски
„Имено, согласно член 77-а, став 1, од Законот за високото образование, кој гласи ‘за развивање и одржување на квалитетот на високото образование на секои две години задолжително се спроведува рангирање на сите универзитети и високообразовни установи во состав на универзитетите (факултети и уметнички академии), запишани во регистарот на високообразовни установи„ во Република Македонија се спроведе рангирање. Рангирањето го направи надворешна и независна куќа, односно ‘Џао-Тонг Универзитетот’ од Шангај, којшто ја прави најпрестижната и најпознатата меѓународна ранг-листа на универзитети. Токму оваа институција ги примени своите правила и принципи направи професионално и непристрасно рангирање на нашите универзитети, а со примена на светски познатите и признати стандарди“, се наведува во писмената реакција на министерството за здравство.
Велат уште оти е несомнено дека IQ тестирањето не е ништо ново и непознато во светот. Потсетуваат, исто така, голем број домашни но и меѓународни компании, при вработувањето на кадри имаат предвидено тест на интелигенција.
„Во некои земји тестот на интелигенција се применува и при вработување во државни институции, полиција, војска и слично. Тоа е прифатен принцип во светот и не претставува дискриминирачки фактор. Ова се факти кои што многу лесно можат да се проверат и жал ни е што не ги проверивте пред да излезете на прес-конференција“, велат од министерството.
Потенцираат дека во огласот издаден од Министерството за здравство во кој кандидатот меѓу другото треба да поседува и интелигенција од 140 IQ што предизвика внимани и на македонската и на странската јавност, не станува збор за оглас за вработување, туку е во прашање оглас за надворешни соработници кои би членувале во советодавен комитет, кој министерот за здравство има право да го формира согласно одредбите на Законот за здравствена заштита./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

