Свет
Берлускони: Сè уште не е време за преговори за Либија
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска оцени дека е премногу рано за преговори во врска со конфликтот во Либија, затоа што либискиот лидер Моамер Гадафи уште мисли дека може да победи.
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска оцени дека е премногу рано за преговори во врска со конфликтот во Либија, затоа што либискиот лидер Моамер Гадафи уште мисли дека може да победи.„Во овој момент никој не може ништо да каже за сигурноста за тоа прашање и должината на мисијата. Ми се чини дека сè уште не е созреан моментот за преговори. Рускиот премиер, Владимир Путин, истото го мисли. Гадафи уште мисли дека може да победи бидејќи целосно ја контролира престолнината Триполи“, изјави Берлускони за денешниот дневник „Кориере дела сера“.Меѓународната заедница сака да издејствува кај либискиот лидер „вистински прекин на огнот“, додаде италијанскиот премиер, чија земја учествува во меѓународната коалиција против Либија.„Крајот на непријателството е услов без кој не може да има никакво посредување, а потоа можеме да ја отвориме фазата на дипломатија“, изјави Берлускони.Италија ставила на располагање седум бази за интервенција против Гадафи и ангажирала осум воени авиони, но Берлускони истакна дека земјата не е во војна со Либија.„Коалицијата е ангажирана во одбрана на цивилното население, Италија не влезе во војна и не ни сака да влезе“, додаде Берлускони.Берлускони повторно се изјасни за единствена команда под водство на НАТО, што дава „извесен отпор“ само на Франција.Меѓународната коалиција предводена од Велика Британија, Франција и САД во саботата започна воена интервенција во Либија, со цел да се осигура зоната за забрана на летање над таа земја и да ја спречи, како што е наведено, репресијата на силите на Гадафи над цивилите./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

