Македонија
ИРИ:Огромен процент од македонските граѓани за членство во ЕУ и НАТО
Расположението меѓу македонските граѓани за членството на Македонија во ЕУ и НАТО е на константно високо ниво со над 90 проценти…
Расположението меѓу македонските граѓани за членството на Македонија во ЕУ и НАТО е на константно високо ниво со над 90 проценти поддршка за евроатлантската интеграција на земјата. Ова, во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик го изјави Џон Кевано, директор на Канцеларијата во Скопје на Меѓународниот републикански институт. Според него, македонските граѓани генерално ја поддржуваат економската политика на актуелната владина коалиција. Кевано жали за напнатоста што се појави во меѓуетничките односи по контроверзите околу Македонската енциклопедија: „Се работи за несреќен инцидент во лош тајминг на две недели пред објавување на извештајот на Европската комисија. Се надевам дека македонските и албанските политички лидери и интелектуалци ќе го искористат ова како можност да се обединат и со взаемна почит и достоинство да извршат ревизија на Енциклопедијата на прифатлив начин за обете заедници.“, вели Кевано во интервјуто за Гласот на Америка. /крај/воа/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Салата „Работнички“ ќе блесне во ново руво, Герасимовски вети стандарди според ФИБА
Општина Центар информира дека реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Градскиот парк се одвива во полн ек. Посочуваат дека изминатата недела е демонтиран кровот и ќе се постави нов кров и нова фасада.
„Во првата фаза до месец март планираме да поставиме нов кров и фасада, како и комплетно реновирање на канцелариските простории кадешто беа сместени спортските федерации. Новитет е тоа што ќе го прошириме теренот, ќе се постави нова еластична подлога и подно греење, а целиот простор ќе се климатизира. Ќе бидат поставени нови инсталации за електрична енергија, современо осветлување и водовод. Наместо досегашните бетонски клупи ќе поставиме 891 седиште“, информира градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Градоначалникот на Центар истакнува дека култната сала, која е симболот на Скопје, ќе биде реконструирана според највисоки стандарди за квалитет и согласно стандардите и процедурите на ФИБА.
Спортската сала Работнички ќе биде енергетски ефикасна со што, како што наведуваат од Општината, значително ќе се намалат трошоците за енергија.
„Го враќаме сјајот на Работнички, покрај реконструкцијата на гледалиштето, предвидено е и обновување на туш кабините, поставување нова опрема, кошови и друга потребна инфраструктура“, вели Герасимовски.
Салата Работнички се реконструира за првпат по 50 години.
Скопје
Стефковски: Зимските екипи од ноќва го чистат снегот
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи инфоримраше дека поради снегот службите на локалната самоуправа делуваат на терен.
„Ноќва во 03:00 часот ме информираа дека на делови во општината има врнежи од снег по што ги задолжив екипите да излезат и да делуваат на терен. Веќе три часа во тек се активности за расчистување на снегот од улиците во планинскиот дел на општина Гази Баба. Сол и ризла се фрлени на пристапните улици до Раштак, Булачани, Црешево, Смилковци, Виниче, Страчинци и Брњарци. Едноставно, сите утврдени кризни точки се опфатени! Безбедноста на граѓаните е наш приоритет! Кризниот штаб ќе продолжи да делува на терен се додека тоа е потребно“, напиша Стефковски.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, стопирано движењето кај Башино Село
Од утринава, забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и Гостивар – Стража се укинати, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, а на одредени делови на патиштата се присутни влажни коловози.
Исто така, од Авто мото сојузот потсетуваат дека од вчера сообраќајот е во целосен прекин во близина на Башино Село, кај мостот, и дека овој прекин ќе трае подолг временски период.